Sunday, November 21, 2010

Од Ем –Ти –Ви во Мека.





Од Ем –Ти –Ви во Мека.

Како го прoмени Исламот мојот живот?!

„Се чувствувам понижена“, пишува Кристина Бекер во нејзиниот дневник во 1991 година. Во тоа време таа имаше живот како што сонуваа илјадници млади од целиот свет. Таа беше избрана помеѓу илјадници конкуренти како прва германска водителка во „Ем-Ти-Ви Европа“ и за нејзината работа таа ја освои најпрестижната германска награда за телевизија „Златна камера“.

И покрај ова, таа се уште се чувствуваше празна. Во август 1992 година таа се омажи со еден од најпознатите пакистански крикети, Имран Кан. Тој ја советуваше да го чита Куранот, а потоа таа продолжи и со други книги околу верувањето. По многубројните патувања во исламските земји и откако разбра дека го најде душевниот пат, таа премина во Ислам во лондонската џамија во 1995 година и дефинитивно ја остави својата работа во Ем-Ти-Ви.

Во 2009 година во Германија таа ја издаде автобиографската книга „Од Ем-Ти-Ви во Мека, како Исламот го промени мојот живот“. Книгата се преведе на арапски, англиски и турски јазик.

Кристина работи на меѓуверскиот и меѓукултурниот дијалог и е светска амбасадорка на Фондацијата за Исламски Истражувања. Во последно време, од Државата Египет таа беше наградена со претседателска медала за уметност и наука околу нејзините напори за праведно разбирање на Исламот во Запад.

Во својата нова книга, Кристина Бекер отворено зборува за плиткоста на телевизијата и музичкиот бизнис од кои веќе се откажа. Таа е порасната како протестант во Хамбург. 43 годишната Бекер сега клања пет пати на ден и не пие алкохол. Таа дава пари за сиромашните и го пости месецот Рамазан.

„Првично, твојата врска со Бог во Исламот е многу блиска затоа што ти клањаш неколку пати дневно. Кога клањаш пет пати на ден ти се поврзуваш со Бог секој пат кога клањаш. Друга работа е фактот што јас не можам да разберам неколку доктрини на христијанството. Не можам да го разберам концептот на „Тројство“ што подразбира соединување на Таткото, Синот и Светиот Дух во Едно. Јас бев восхитена од хуманоста на луѓето кои сум ги сретнала и кои можат да се сретнат во целиот Ориент“ – вели таа.

Враќањето во Исламот

Одлуката за премин во Исламот донесе промени во неа. Таа сега носи долга облека и блузи со долги ракави. Нејзините родители, најблиските и нејзините другарки не се согласуваат и се чувствуваат тажни. Кристина на крај додава дека на крајот на краиштата секој ја почитува нејзината одлука. Но, сепак германските медиуми не се однесуваа на најдобар можен начин. Кристина Бекер верува дека актуелната „исламофобија“ во Европа може да биде трага на историски конфликти.

„Едно нешто не можам да разберам, времето на ориенталната литература на Гете кој ја инспирираше „ренесансата“ во Европа. По се изгледа, тогаш можеше да се види поголема искреност и можеби поголемо разбирање за верата и туѓата култура, на крајот на краиштата барем во културна основа“.

Критичарите нејзината книга ја нарекоа наивна, додавајќи дека таа ги игнорира негативните страни на муслиманското општество. Но Кристина вели дека се што се случува во светот во името на ИСЛАМОТ апсолутно е непознато во исламот.

Во врска со книгата

“Би била среќна ако мојата книга ги инспирира луѓето да ја откријат нивната душевна страна и да се препознаат себеси. Од друга страна, сакам да помогнам во објаснување на некои предрасуди околу Исламот. Сакам да градам „мостови“ и да го поддржам дијалогот помеѓу различни вери и култури“.

Во времето кога промените на културите и верите живеат заедно и поблизу од порано и во време кога Исламот станува „жешка тема“ поради екстремизмот кој го пласираат медиумите, Кристина ја издаде книгата од „Ем-Ти-Ви во Мека“. Таа во книгата ни ја објаснува приказната како водителка на Ем-Ти-Ви која имаше се што сонуваше една млада личност, и како славата и одличниот живот премина во верата за која најмногу се зборува и во верата која најлошо се толкува на Запад. И покрај огромните професионални предизвици, таа го пронајде внатрешниот мир во својот живот во Исламот.

Таа исто така објаснува како ги решила предрасудите кои се дел од општите случувања на Исламот, како пронајде заеднички вредности помеѓу верите и најважно, КАКО ЈА ПРОНАЈДЕ ВИСТИНАТА – НАРЕЧЕНА ИСЛАМ.

Преведе : Рихан Исмаили

Monday, November 15, 2010

Шекил О Нил е муслиман

Шекил О Нил е муслиман и моментално е на аџилак во Мекка.