Tuesday, September 13, 2011

Како Ајша ги повика во Ислам нејзините родители, семејството и 30 другарки

Од католик да преминеш во Ислам и да се омажиш со муслиман е нешто невообичаено. Но уште повеќе од ова, Ајшa беше причината Исламот да го прифатат нејзините родители, повеќето од нејзиното семејство и најмалку 30 нејзини другарки.
Нејзиното семејство беше строго католичко семејство. Кога сите млади во Британија ги бакнуваа постерите на Џорџ Мајкл, таа во својот ѕид имаше слика на Исус ( Иса ). По одредено време разбра дека христијанството не и беше доволно, имаше многу прашања за кои немаше одговор, се чувствуваше незадоволна од недостигот на дисциплинската структура на нејзиното верување. Ајша го виде нејзиниот иден маж Мухамед Бутан за прв кога имаше десет години бидејќи беше редовен купувач во продавниците за чевли во која одеше нејзиното семејство. Таа го видел него од зад грб како клања : „Имаше мир во тоа што го правеше“. Тој и рече дека е муслиман. Јас му реков : Што значи тоа „муслиман“? Потоа, со негова помош таа почна повеќе да се интересира за Исламот. На 17 годишна возраст го заврши читањето на Куранот на арапски јазик. „Се што читав“, велеше таа „имаше причина“. Таа одлучи да премине во Ислам на 16 годишна возраст. Кога го кажав сведоштвото како целиот товар од мене да паѓа. Се чувствува како новороденче. И покрај нејзиното преминување во Ислам, родителите на Мухамед беа против нивниот брак. Тие гледаа во неа како западна девојка која нивниот најстар син ќе го остави на улица и ќе го нарушуваше името на семејството. Сепак, тие се земаа во една од локалните џамии. Ајша носеше фустан сошиен лично од мајката на Мухамед. Присутни беа и неговите сестри кои отидоа во церемонијата скришно, без желбата на нивниот татко кој одбиваше да го проследи сето тоа. Неговата стара баба беше таа заслужната која го ослободи патот помеѓу жените. Таа дојде од Пакистан каде венчавките од мешани раси беа повеќе од табу со што таа инсистираше да се сретне со Ајша. Таа беше импресионирана од фактот што таа го читала Куранот и ги предмисли другите, и пополека Ајша, сега на 32 годишна возраст стана дел од семејството. Родителите на Ајша, Мајкл и Мергори Роџерс кои ја следеа свадбата повеќе беа загрижени со тоа каква облека ќе облекла нивната ќерка ( т.е. Традиционалните шалвари ) и што ќе помислат соседите. Ајша имаше своја мисија, како да ги покани во Ислам и другиот дел од семејството освен нејзината сестра. -„Се уште не работам со неа“. „Јас и мојот сопруг сме работеле со родителите покажувајќи им за Исламот при што ги согледаа промените во мене како не им возвраќам на зборовите“ Нејзината мајка брзо одеше по нејзините стапки. Мергори го смени името во Сумеја со што стана богобојазна муслиманка. Се покри и почна да клања редовен намаз и ништо друго не и беше важно за неа колку што се односите со нејзиниот Бог. Таткото на Ајша пак, покажа побавен ангажман, служејќи и на мајката која премине во Ислам се до смрт. ( - умре од рак ). Јас и мајка ми зборуваме со татко ми околу Исламот се додека еден седејќи во кујна ни рече : Кои се зборовите кои ги кажувате кога станувате муслимани? „Јас и мајка ми скокнавме врз него“. По три дена, Исламот го прифати и братот на Ајша, неговата сопруга и децата и синот на нејзината сестра. Таа не застана тука. Целото семејство премина во Ислам. Секој понеделник, веќе 13 години, Ајше предава исламска литература за шкотските жени. Таа им помогна на 30 жени да преминат во Ислам. Таа великодушно ги пречекува прашањата. „Ние не очекуваме луѓето да го прифатат оваа верување на слепо“. Нејзиниот 41 годишен сопруг Мухамед Бута вообичаено помага во нивниот семеен ресторан, но неговата главна цел е своите пет деца да ги расте како муслимани. Секоја венчавка има подеми и падови. „Секја тешкотија има своја леснотија“. На овој начин, ако се наоѓате во тежок период, работете, за да дојде леснотијата“. Мухамед е поромантичен : Мислам дека се знаеме меѓу себе со векови... Според Исламот, вие не сте партнери само во овој свет туку можете да бидете партнери и во рајот, ЗАСЕКОГАШ. Убаво нешто е бракот, имајте го во предвид“. Презмено од www.muslimconverts.com

Monday, September 5, 2011

Љубопитноста многу Американци ги доведе до исламот






Потресени од нападите кои се случија на 11.септември 2001 година и предизвиканата омраза кон исламот и муслиманите после тие напади, љубопитноста за исламот многу Американци всушност ги доведе до тоа да ја прифатат оваа вера.

“Ми се чинеше дека е лудо да се направи тоа“ , вели Џоана Сегарич, за Хуффингтон Пост на 25.август оваа година.
“Бев вработена жена во средни години, доста самоcтојна, доста современа, и одеднаш ја прифатив таа вера, во моментот кога беше толку напаѓана.“
Сегарич била шокирана од вестите за нападот на 11.септември.
“Каква е тоа вера, која може да ги потикне луѓето на тоа?“ се сеќава Сегарич на својата прва реакција на таа вест.
Барајќи ги одговорите оваа Американка решила подлабоко да се запознае со исламот читајќи го Куранот.
“Дојдов до спознание дека морам да донесам одлука“, се сеќава таа.
Неколку недели покасно, наставничката по музика од Утах почнала да го проучува исламот.
Само неколку месеци покасно, таа решила да го изговори шехадетот.
Сегарич не е единствена.

Ангела Колинс Телес решила да го прими исламот откако го видела растењето на бесот и нападите врз муслиманите после 11.септември.
“Ја видов својата земја како ги демонизира тие луѓе како терористи и угнетувачи на жени, а јас не можев да мислам така, зошто тоа не беше вистината“, вели таа.
“Почуствував потреба да станам и да ги бранам.“
“Но, тогаш сватив дека неможам да се раправам без знаење.“
Тогаш Колинс Телес почнала да го проучува исламот за подобро да ја разбере таа вера.
После длабоко истражување, таа решила да стане муслиманка.
“Концептот на Бог беше нешто најубаво, и тој концепт се вклопуваше во она во што јас верував,“ рекла таа.

Кели Кауфман имала слични искуства кога морала да ги брани муслиманите од обвинувањата дека се против мирот.
“Тогаш сватив, ако ова го прифатам лично, морам да бидам спремна“, рекла таа.
Кауфман решила да го проучува исламот откако била доста критикувана од страна на своите роднини поради нејзината волонтерска работа за претседателската кампања на претседателот Обама, затоа што тие верувале дека тој е муслиман.
“Кога сватив дека со исламот моите уверувања се поклопуваат, го имав тој голем “ахааа“ момент, кој, полно луѓе кога ќе сватат нешто, го имаат. Едноставно се пронајдов во таа толку “застрашувачка вера“, како што медиумите ја третираат и како што е сватена од јавноста“, рекла таа.

Загриженост

Омразата кон муслиманите, меѓутоа, сеуште е извор на грижа за многу нови американски муслимани – конвертити.
“Мислам дека тоа секогаш ќе биде грижа, се додека таа реторика не се промени“, рекла Кауфман, чија што фамилија и дава подршка, освен вујко и, кој што и на својата ќерка и забранува да се дружи со неа.
“Од што се плашат?“

Триша Скуирес, која станала муслиманка минатиот месец, исто така ги искусила непријателските реакции поради прифаќањето на исламот.
“Кумата на моето дете ќе биде муслиманка?“ , се сеќава таа на разочарувањето на својата најблиска пријателка.
Скуирес исто така е загрижена за реакциите на своите пријатели и нејзиниот работодавач поради нејзината марама.

Некои конвертити, меѓутоа, не се грижат за реакциите.
“Никогаш не се грижев во врска со прифаќањето“, рекла Колинс Телес, која сега живее со сопругот во Бразил кој што исто така примил ислам откако се запознале.
“Знаев дека го пронајдов Бог, и тоа беше се, што отсекогаш го сакав.“

Иако е тешко да се каже точниот број, набљудувачите проценуваат дека дури 20.000 Американци годишно прифаќаат ислам.
Според зборовите на експертите, поголемиот број на конвертити после 11.септември се жени.
Хиспо и Афроамериканците, кои што исламот доста често го прифаќале и пред 11.септември, го прават мнозинството на конвертити.
Услужувајќи ги конвертитите, многу џамии покренале програми, се со цел да им се помогне при учењето на исламските темели: намазот, основата на верувањето и правилното однесување
Вакар Шериф, кој добил за задача да направи програма за конвертити во исламскиот центар Вилмингтон, проценува дека неговата џамија добива околу четири до пет конвертити месечно.

Преведено од: Onislam.net

Превод и обработка: www.islamski-centar.org

Sunday, August 28, 2011

Како православката Лидија го прифати Исламот




Мојот пат во Исламот.

السلام عليكم



Во оваа време ,во кое ние живееме, на ТВ, во списанија, на интернет, многу гледаме и читаме , како западњаците преоѓаат во исламската вера, не само обичните луѓе ,туку и познати личности. Зошто??



Секоја особа се раѓа во околина за која таа особа не одлучува. Од самото негово раѓање, му се наметнува верата на неговите родители или метода на државата во која живее...



Додека човекот не влезе во години на својата младост, нормално е дека мозокот во потполност не реагира, така што верува дека е исправно се она што во неговата држава се верува, и дека во тоа треба да верува секој..



Меѓутоа, кога некои луѓе ке пораснат, и кога ке дојдат во средба со другите системски верувања, почнуваат сопственото верување да го ставаат во знак прашалник ?


Тој кој ќе ја бара вистината, обично доаѓа до моментот на збунетост, затоа што увидел дека секоја вера, идеологија и филозофија, потврдува дека токму она е вистинската за човекот..

И понатаму??

Која е исправната вера? Сите не можат да бидат исправни, затоа што секоја од нив тврди дека другите се погрешни..
Како тогаш тој кој ја бара вистината ке го одбере вистинскиот пат ??


Бог на сите ни дал памет и како можеме да ја донесеме оваа важна одлука..

Оваа одлука е најважната одлука на еден човек..

Од оваа одлука зависи неговата иднина..



Според тоа, секој немуслиман, би требало да ги изучува доказите кои му се приложуваат, потоа да го избере тоа што мисли дека е вистинито..


Меѓутоа ,секогаш предвид треба да го имаме фактот, дека поединецот може да го избере вистинскиот пат, само ако ги остави своите емоции и предрасуди, кои обично не опкружуваат. Тогаш , и само тогаш можете да го користите од Бога дадениот ум , и да донесете исправно решение..



Како и секоја друга религија и Исламот потврдува дека тој е единствен пат кон Бога.. Има многу аргументи кои го подржуваат Исламот , дека он е вистинската вера од Бога..



Првата работа која треба да ја знаете и сфатите, а која се однесува на Исламот е дека зборот ,,Ислам'' е арапски збор, што значи покорување на единствениот Бог, кој во арапскиот јазик се вика Аллах.''

Тој кој својата воља ја потчинува на Аллах, во арапскиот јазик се вика Муслим.''.



Верата Ислам не го добила име по некоја особа или некоја група, како што е на пример : случајот со Христијанството кое го добило името по Исус Христос, Будизам по Буда, Марксизам по Карл Маркс, Јудизам по Јуда....



Ислам (покорување на Божјата волја) е вера објавена на Адам а.с. првиот човек и првиот Божји Пратеник, и тоа е вера на сите Божји Пратеници.



Во книгата , која на арапски се вика Куран', Аллах с.т. вели:

„ Сега верата ваша ја усовршив, и благословот свој спрема вас го исполнив и задоволен сум Исламот да ви биде вера. А кој сака некоја друга вера, освен Исламот, нема да му биде примена, и тој на оној свет ќе страда.“



Исламот не потврдува дека е нова вера која ја донесол Мухаммед с.а.в.с.

Исламот за себе кажува дека е нов израз на Аллаховата вера , овој пат во целиот свој облик, како што му бил објавен на Адам и Пратениците после него..



Никаде во Библија не се зборува за тоа дека Бог му кажува на народот на Мојсије (Муса) дека негова вера се вика Јудизам, или на Исус , дека негова вера се вика Христијанство, кои немаат божанско потекло, ниту одобрување од Бога.



Многу после по заминување на Исус, неговата вера го добила името Христијанство. Што вистина била Исусова вера?
Иса а.с. (Исус) како и сите Пратеници пред него ја проширувал верата Ислам.



Би сакала да ви ја раскажам мојата приказна за моето преминување во Ислам.


Мојот пат во Ислам



Шук'р Ја Рабби , Кој со светлото на Твојата книга , си ја осветлил овосветската темница , со неа Си ги упатил залутаните срца , па Си ги направил спокојни и смирени во душите вистинските верници.

Нека е најголем саловат и селлам на Мухаммед , кој е пратен како милост на сите светови.

Нека е мир и спас на неговото чесно семејство , и асхаби , и на сите оние кои одат по нивниот пат , го живеат Исламот , и ги упатуваат другите на дин , се до Судниот ден.



Ес- селлам алејкум ве рахметуллахи ве берекатуху




Родена сум во Христијанско семејство, од татко Србин и мајка Македонка и ние три деца, јас најстарата, една сестра и помал брат. Сите знаеме дека верата доаѓа од потеклото на семејство, така и јас пораснав во верата на моите родители.

Моето детство го поминав безгрижно и радосно, се до моите 15-ет години, кога останав сирак без татко. Од тогаш моето безгрижно радосно детство завршува , станав озбилна девојка и бев вработена како одговорна за семејството,а и во исто време бев ученичка. Додека другите деца си играа на улица, моите другарки излегуваа со друштво, јас работев и учев. Имав прилики да излегувам со нив, но секогаш се сеќавав на мојот татко, кој многу го сакав, кој, кога гледаше некои девојки на моја возраст на улица како одеа со момчиња и се бакнуваа, девојки на моја возраст кои пушеа цигари и пиеја алкохол, ме прашуваше: ,, Дали би сакала да живееш како нив? – секако мојот одговор беше негативен.

Од сето тоа, се плашев да излегувам со другарките, се плашев од лошото друштво, што можеби подоцна би имало последици врз мене и моето семејство. Знаев дека животот ме подготвува за голема војна.





Така загрижена за моето семејство, често пати размислував што значи живот, зошто сме родени, зошто постоиме?. Како растев така и моето интересирање за верата растеше. Скоро секоја вечер го молев Бога да ми го олесни животот, плачев и ја читав Библија, одев во црква, се молев...Но, така еднаш, додека ја читав Библија, ми застана погледот на цитат во Псалми 115:4:8 кој гласи:

,, Нивните идоли се сребро и злато, дело на човечки раце, уста имаат, а не говорат, очи имаат а не гледаат, уши имаат а не слушаат, ноздри имаат а не мирисат, раце имаат а не фаќаат, нозе имаат а не одат, глас не излегува од нивното грло. Такви се оние што ги направија и сите кои се надеваат на нив.''


Овој цитат го читав многупати и размислував за него. Потоа си реков: ,, Зарем овие идоли не се икони, навистина тие ни зборуваат, ниту слушаат ниту одат...


Од тогаш, барав, зошто да верувам во црквата, зошто да бакнувам икони, кои се лажен мир за срцето и душата, си реков да се молам на нешто што е уметничко дело ? Не ми беше јасно како христијанските свештеници кои многу ја читаат Библија не ги прочитале деловите кај Мојсиевите списи во кои Бог го забранува алкохол и свинското месо? Каде им се очите кога ги читаат строгите прописи во кои се забрануваат иконите, киповите или било какви облици на прикажување на небеските суштества?

Се прашував: ,, Дали е можно јас да сум во право, а другите да не се ? Не сакав да робувам на лажните идеи и лажните верувања. Ја имав својата теорија за Бог и тоа за мене беше доволно, но уште неизјаснето во мојата глава. Се пршував ако Исус е Бог, зошто да е распнат на крст, зошто е убиен, па тој е Бог, како може Бог во кој веруваме, кој не створил да е убиен? И низ други прашања... Сето оваа го размислував, ја барав суштината на животот, но не ја најдов, сакав да имам контакт со некое верско лице, со учени луѓе во кои можам да го најдам одговорот за суштината на вистинскиот живот, за душата, но немав никој и не знаев никој со кој можев да разговарам. Тогаш многу ми беше тешко. Бев немоќна. Сакав да откријам нешто вистинско што ќе ја смири мојата душа, но не знаев поточно што барав.


Бев немоќна !? Но Аллах е Моќен, ми испрати човек преку кој ја дознав вистината ! Муслиман., студент на медицински факултет од Јордан, Аллах да му подари Џеннет, за кој покасно се омажив и дојдов во Јордан.


Во Јордан запознав жени муслиманки, кои имаа многу убаво однесување и кои бескрајно ми помогнаа. Знам дека е многу ретко да се најде вистински пријател, но вистинскиот пријател го наоѓаш тогаш кога ти е најтешко- така кажуваат...


Читав Куран... се се променило со читањето на Куранот , тоа што го барав со години и што мислев дека нема да се помирам ниту со никаков верски систем- се беше тука, раскажено со најубав и највеличенствен стил и глас. Одев на предавања за Исламот, го запознав Исламот, ја открив вистината, суштината на животот, се што порано барав го најдов во Исламот. Секој ден откривав нешто ново. Го засакав хиџабот, почнав да клањам. На мојот прв намаз, на сеџде, почувствував како некој терет да ми падна од градите, се чувствував така чисто што реков сама на себеси дека ова чувство нема да дозволам да го напуштам.



Исламот е дисциплина која го регулира секојдневниот живот на човекот, и подарува духовно морална стабилност. Во секој намаз го молев Аллах на моите да им ја подари Неговата Милост и Рахмет, да бидат муслимани, да ја сфатат суштината на животот. Плачев во ноќниот намаз на глас, не можев да го поднесам тоа моите да не одат по вистинскиот пат, се гушев...



Од мојата голема верба во Аллах, се одлучив да одам во Скопје кај мајка ми, сестра ми и помалиот брат, да одам кај нив и да им ја пренесам пораката на Исламот. Молев со дова од срце, од внатрешноста на душата, ги оставив сите материјални работи кои не опкружуваат, како да бев сама на земјината површина, молев со дова:

Ја Рабби, Ја Рахман Ја Рахим, дај ми сила да бидам храбра, да го променам тоа што сакам со твојата волја, Ја Рабби Ти си Милостив и всади ја Твојата Милост во срцата на моите најсакани.



Отидов со голема надеж, знаев дека Аллах е со мене, отидов со милоста на Рахман, отидов со мажот ми.
Моите кога ме видоа со хиџаб, многу беа изненадени и налутени, бев смирена, плачев пред нив, многу плачев се гушев во моментот не можев да кажам ништо, ниту еден збор....



Бев кај нив скоро два месеци. Во рок на ова време им кажував за Исламот, за Мухаммед, за Иса, им кажував за Аллаховата милост, за Џеннетот и Џехеннемот... со ноќи не спиевме...

УСПЕАВ !!

Успеав со Неговата милост, со Неговото Рахме....


Ја Рабби како да ти се заблагодарам ?






Чувствував дека намазот не ми беше доволен за да ја исакажам мојата покорност на Аллах. Од тогаш носам никаб, си го покрив лицето. Си го сменив името, од Лидија во Ајша, и ќе умрам како Ајша иншаАллах.




Сега моите се муслимани, сестра ми е омажена за муслиман, брат ми се оженил со муслиманка, мојата мила мајка носи хиџаб, оди на хаџ, на умра, секогаш прави тесбих на Аллах... живеат во Емират. Еллхамдуллилах, Елхамдиллилах на Неговата Милост над луѓето. Се смирив.




Со Неговата помош го направив тоа што го сакав. Навистина ми беше животот тежок, со многу искушениа, но ја пронајдовме смиреноста на душата, ја пронајдовме вистината. Само жалам за поминатите години во непокорност на Аллах, и се надевам дека Возвишениот ќе ми се смилува за тие години и ќе ми опрости. Имам голема надеж.




Кога гледам назад знам дека во тие моменти Аллах не ме напуштал, туку ми кажувал дека е време да се преиспитам и размислувам за суштината на животот, ми кажувал како да го засакам и преку се што треба да поминам, за да би ја разбрала својата вера. Всушност, ние не го прифативме Исламот, ние се вративме на нашата најубава, најискрена, највеличенствена вера. Вера со која иншааллах ќе одиме во вечниот живот, каде што нема умирање, болка, тага. Да се запознае Исламот, да го запознаеш Аллах, Тој кој не створил, е многу повеќе од се друго материјално.



Никогаш не сум помислила дека ќе бидам Муслиманка, и дека ќе живеам во Јордан. Ја засакав оваа вера, навистина ја засакав. Ги воспитувам моите деца во исламски дух и им помагам во примена на исламските императиви. Клањаат пет намази дневно, постат, и се трудат да ме следат во секој поглед. Задоволна сум дека сум мајка на шест деца. Родив шест деца за да го зголемам умметот на Мухаммед, да му бидат корисни на Исламот, задоволна сум од нив, навистина, и иншаллах Аллах да биде задоволен. Моите три ќерки уште од мали ги научив дека треба да носат хиџаб, зошто кога ќе пораснат да не им биде тешко. Сега се големи, девојки, машааллах, и најголемата носи никаб. Елхамдуллилах .



Многу сум среќна со Исламот и сакам сите така да се чувствуваат.


Кога ќе бараш од срце, Аллах самиот ќе ти ја покаже вистината и ќе те приближи до Него....

Јас ја најдов вистината, нема потреба повеќе да барам. Ја најдов....




’’Животот на овој свет не е ништо друго освен забава и игра, а само оној свет е живот, кога само би знаеле.''
( Ел-Анкапут 64)





Вистинска приказна на сестрата Ајша преземена од Форум Исламска Заедница

Wednesday, April 27, 2011

Белото девојче(white girl)




Филм кој е прогласен за најдобар во 2009 во Англија.Се работи за вистински настан.Жена бега од својот маж кој ги тера своите деца да продаваат дрога.Во потрага по подобар живот мора да се сложи да живее во муслиманска четврт.Maлата 11 годишна Лија решава да си го промени животот кон подобро.

Во Руанда половина милион христијани преминаa во Ислам



Во Руанда половина милион христијани преминаа во Ислам. Меркез џамијата во главниот град на Руанда, Кигали е претесна да ги прими верниците.
Во Руанда 1994 година изби крвава граѓанска војна меѓу племината Тутси и Хуту, во која муслиманите не учествуваа. Една од причините за овој феномен е фактот што муслиманите не учествуваа во убиствата во кои беа масакрирани околу 800 000 луѓе, а во кои убиства учествувале дури и христијански свештеници. Муслиманите за време на геноцидот кој беше извршен врз етничката група “Тутси’’ од страна на племето “Хуту’’, ги криеја и спасуваа Тутсите иако имаше муслимани кои беа Хуту.




Еве еден од многуте примери:



Овој свештеник се вика Athanase Seromba, обвинет е за геноцид и злосторства против човештвото извршени во геноцидот во Руанда. За време на геноцидот, Соромба бил свештеник во католичката парохија во градот Нјанге во провинцијата Кибује во западна Руанда. Обвинет е за смртта на околу 2000 Тутси кои најдоа засолниште во неговата парохиска црква. Според обвинението против него, Соромба наредил неговата црква да биде срушена со булдожер и да се стрелаат преживеаните.

Sunday, April 3, 2011

Како црквеното учење за Исус, ме доведе до Исламот





Како црквеното учење за Исус, ме доведе до Исламот
Во сечиј живот доаѓа момент, барем јас се надевам дека доаѓа, кога човек ќе сфати дека, всушност не само што не мора да верува во она во што верува, што и да било тоа, туку и дека тоа може да го напушти и јавно да го каже.

За среќа, тоа мене ми се случи рано.

Имам 17 години, и исламот ми е вера за која се залагам. Пораснав како католик. Повеќе формално, отколку практично. Ја посетував Католичката неделна школа, која се нарекува ЦЦД, но католичкиот концепт за Бога не играше некоја значајна улога во моето детство. Тоа беше само неделна обврска. Меѓутоа, почнав да одам на маси кога бев седмо одделение и тоа ми се допаѓаше. Ми даваше чувство дека правам вистинска работа.

Отсекогаш бев морална личност, но никогаш добро не ги проучив основите на католицизмот. Само знаев дека се чувствувам добро додека му се молам мојот Создател.


Навистина ми се допаѓаше католизмот, но некако ми се чинеше дека ние (католиците), заедно со Исус би требало да се молиме на Бога, а не и на Бога и на Исус како на еден Создател.

Исус (мир над него) ми беше пример во следењето на Божјата волја и потчинувањето на Бога, но никако и бог.

Пред да тргнам во 8 одделение, есента 1999. научив многу повеќе за католизмот. Kaтоличката црква смета дека Исус е Бог. Тоа беше нешто што не се согласуваше со мојата претстава за "неделивиот Бог на кој му се молев и Исус како пример." Тоа беше нешто нелогично и збунувачки и не можев да го прифатам. Не чувствував дека тоа е правилно.


Сепак, продолжив да одам во црквата, и да се молам.

Разговарав со многу луѓе во црквата за моето чувство, дека Исус не бил Бог туку пратеник, пример. Ми кажаа дека морам да го прифатам фактот дека Исус е Бог, итн. Но, јас тоа не можев да го прифатам. Се трудев да го прифатам, но мислам дека Бог ме сочува од тоа, заради мое добро. Постоело нешто што е многу подобро за мене од тоа. Но, продолжив да одам во црквата.


Некаде во средината на декември 1999 година. без некоја посебна причина којa би можел овде да ја споменам, почнав по енциклопедиите да читам за исламот. Се сеќавам дека правeв листи на клучни зборови за исламот во старата Grolier светска книга од 1964 година, која ја најдов во својот шкаф со книги, што ги учев. Поради некоја причина бев воодушевен со оваа вера, затоа што во неа се зборува за Бога и за она што јас целиот свој живот верував – сето тоа всушност го најдов токму во оваа вера. Пред тоа морав да се помирам со тоа дека не постои вера онаква каква што чувствував во себе, и затоа бев водушевен што ја најдов оваа вера. Научив дека "мојата" вера има Име и милиони други следбеници!

31. декември 1999 година го изговорив келимe-и-шехадетот, но пред тоа никогаш го немав читано Куранот и немав разговарано со ниту еден муслиман. Како поминуваше времето, се повеќе и повеќе учев. Поминав низ многу фази на збунетост, среќа,сомнежи и воодушевеност. Исламот ме поведе по патот на просветувањето. Но, тој пат беше бавен. Пет месеци откако го прифатив исламот, сè уште одев на миса. И секој пат кога ќе присуствував на миса чуствував дека јазот помеѓу мене и црковната заедница сè повеќе се продлабочува и дека бев сè поблиску и поблиску до пратеникот Исус и Бога.


Во текот на Рамазан, 2001-та година, во време на паузата за ручек обично одев во библиотека (тоа беше мој втор Рамазан, кој го постев, првата година од прифаќањето на исламот, не постев за време на Рамазан). Тоа ми беше подобро отколку да седам на маса со пријателите, а имав и работа во библиотеката. А и моите оценки се подобруваа. Тогаш воспоставив комуниција со Џон, кој освен мене беше единствениот муслиман во моето училиште.

Како што поминуваа деновите, се повеќе разговаравме за исламот. Тој е фасцинантна личност и последниот петок за Рамазан ме одведе во џамија. Мојата посета на џамијата беше нешто најубаво во мојот живот. Бог овој пат навистина одговори на моите молитви. Мислев дека ќе бидам нервозен, но воопшто не бев. Тоа беше нешто најприродно што некогаш сум го направил. Се чувствував како да бев дома. И уште нешто сфатив, додека бев во џамија. Додека седев таму на подот и се молев на Бога, сфатив дека просторијата е полна со други луѓе, но тоа беше ok. А дома, кога некој ќе ме праша што правам, јас никогаш не кажувам дека клањам.Тоа никогаш не сум го признал на никого. Тоа е многу тешко. Но таму, во џамијата, се клањав пред група на други муслимани и супер се чуствував. И повеќе од супер! Се чувствував сигурен. Тоа беше едно од најубавите нешта што ми се случија откако во моето срце го прифатив Бога онаа студена ноќ пред Новата година, скоро пред две години.

На родителите никогаш не им ја кажав вистината директно. Всушност и не планирам тоа да го сторам. Главниот сигнал што до нив го упатив беше на 16 декември 2001 година околу 1 часот, кога конечно му кажав на мојот татко, дека наутро одам во џамија со еден пријател, кога ме праша зошто, јас "го вклучив својот аларм."

Ми рече дека едвај чека да се иселам од неговиот дом, и дека се разочарал од мене и дека јас, по неговото мислење, сум направил глупав избор. Јас на моите родители никогаш не сум им рекол ништо директно, затоа што мислам дека тоа најдобро е да го правам постепено, не сакав да предизвикувам проблеми во семејството.

Но, можам да замислам што би можел да стори татко ми, да знае дека сум станал муслиман, кој ја практикува верата. Тој веќе беше гневен поради фактот што ја проучувам верата, и убеден е дека сè остана само на проучувањето. Знам дека мојот татко е несреќен и не сакам тој да страда. Но мислам дека тоа е само негова грешка, што мисли дека е толку паметен и дека нема потреба од Бога. Таа мисла е токму она што го прави несреќен.

Мислам дека тој уште не го сфатил она што се случува со срцата на оние кои ја негираат својата човечка потреба за поврзаноста со Создателот. Тој не знае во што се впушта со донесувањето на таквата одлука. Ниту мојата мајка не знае дека јас сум практичен муслиман, но таа барем не се лути, што одам на џамија. Вознемирена е заради тоа, но барем никогаш не рекла дека е разочарана. Следејќи ја Божјата заповед јас ќе се трудам да бидам добар со моите родители се додека не почнат вистински да ме пречат од исламот. Најдоброто што можам да направам за нив е да бидам добар пример, така што тие, иншАллах еден ден, ќе откријат дека постои подобар начин на живеење од живеењето во мрачниот свет во кој се негира Бог.

Јас никогаш не сум бил на Средниот Исток, но секој ден учам за исламот. Прочитав книги, напишани од сите перспективи. Суфистички, шиитски, сунитски, книги за самиот Куран ... муслиманите сектите ги сметаат за харам,така да не е важно што веруваш, ти си секогаш муслиман и ништо екстра. Можеш да имаш целосно поинаков поглед од некој друг муслиман, но се додека двајцата верувате дека не постои друг бог освен едниот Бога, и двајцата сте муслимани и тоа е тоа.

Читам многу за тоа на интернет и разговорам со другите муслимани преку интернет и телефон. Сретнав некои навистина големи луѓе на интернет од кои научив многу за животот, исламот и Бога.

Сега сум 100% муслиман и тоа никогаш нема да се промени, иншАллах. Му благодарам на Бога што ги поминав сите тие фази на сомнеж. Кога ќе погледнам наназад, сега, знам дека во тие моменти, Бог не напуштил, туку ми говорел дека е време да се преиспитам и да размислам за тоа колку го сакам Бога и низ што се сум подготвен да поминам за да ја разберам својата вера. Плачот со недели, депресии, молитви, читање до исцрпување и напуштањето на сите други животни нешта во втор план може да се чини сурово ... но наградата - сознанието за себе, Бога и човечката поврзаност за исламот - вреди многу повеќе од сето материјално. Преку своите прашања, го добив најмногу ценетиот дар од Бога - исламот ми го даде мирот. Ги слушав христијаните како велат дека христијанството го крева човекот на "лично ниво со Бога." Во исламот односот со Бог е многу подлабок.

Бог е со мене во секое време, ме води, ме подучува, ме сака, ме штити, ме ослободува, ме посоветува, ме теши ... Елхамдулиллахи за Исламот!

Исламот има направено многу за мене. Повеќе отколку што јас можев да замислам. И секој ден е се подобро.

Излегов од еден живот кој беше базиран на обиди и грешки, до прифаќањето на упатсвото и сега знам кој е најдобар избор за мене.

Барајќи го знаењето за себе и поминувајќи го животот во конфузија го најдов упатството.

Не можам да пронајдам вистински зборови да го опишам тоа, но ќе се обидам повторно: Бог ми ја откри вистината за животот. Не мора повеќе да трагам по неа.

„Се колнам во утрото
И во ноќта кога таа се скрие,
Господарот твој не те остави,
Ниту те замрази,
За тебе сигурно, подобар е оној свет,
Од овој,
Господарот твој секако ќе ти даде,
и ќе бидеш задоволен,
Зарем не те затекна како сираче, па ти даде засолниште,
Зарем не те затекна неупатен, па те упати
Зарем не те затекна сиромав, па те збогати,
Затоа не понижувај сираче,
И просјакот кој пита, не одбивај го
И за благодатите на Господарот твој, тогаш, разговарај!“


(Превод на сурата ''Утро'')


Тоа е она, низ кое што јас минав, што направи Бог за мене - тоа што сум. Ова е моето известување за светот. Исламот е многу повеќе отколку што мислите, во реалност е многу полиберален отколку што повеќето мислат. Но, немојте само да слушате. Проучете ги сите перспективи за себе ... и донесете свој заклучок. Бог вели "нема присила во верата", бидејќи верата во Бога, е одлука која ја носи срцето, а срцето не може да се присили на ништо.

www.islamski-centar.org

Бивш фудбалер на „Црвена Ѕвезда“ прими ислам










На традиционалната манифестација “Вечер на Куранот“, која се одржа минатата недела во швајцарскиот град Зофинген, на која се собраа најеминентните хафизи на светот, пред околку 2000 собрани луѓе, во главно Бошњаци, ислам прими бившиот фудбалер на ФК Црвена звезда од Белград Ненад Јевтиќ, кој во рамките на свечената церемонија го прифати името Јусуф.
Оваа вест ја пренесе хафизот Емин еф.Туцовиќ од Мостар, кој заедно со хафизите Харун Ефендиќ, Ќамил Хајдаревиќ и Сабахудин Скејиќ на трационалното учење на Куранот во Зофинген ја застапуваа БИХ.
- Ненад, односно Јусуф, рекол дека мотивацијата за неговото преоѓање во Ислам ја добил од тоа што неколку пати го прочитал Куранот, кој за него делувал инспирирачки. Рекол дека сакал да го каже шехадетот пред голем број на луѓе. Додал дека неговата совет е сосема мирна и среќен е што припаѓа на исламската вера. Инаку Јевтиќ моментално е фудбалски менаџер, а живее и работи во Швајцарија.
Преведено од : www.dnevniavaz.ba

Saturday, April 2, 2011

Рекорден број на жени преминуваат во ислам во Англија

Најмалку 100000 англичани преминале во ислам во изминатата година,тврди германската телевизија.Драстичен пораст во последните години.





"The Times",100 илјада Англичани преминуваат во Ислам

Friday, March 25, 2011

Раперот LOON го прифаќа Исламот

Раперот LOON од BAD BOY RECORD го прифаќа исламот.Во видеото раскажува за начинот како и зошто го прифатил исламот.


НАПОЛЕН го прифаќа исламот

Бибш член на групата Оутловц и познат рапер и член на групата на 2PAC го прифаќа исламот.Во видеото накратко се разработува темата за неговиот живот.