Tuesday, September 13, 2011
Како Ајша ги повика во Ислам нејзините родители, семејството и 30 другарки
Од католик да преминеш во Ислам и да се омажиш со муслиман е нешто невообичаено. Но уште повеќе од ова, Ајшa беше причината Исламот да го прифатат нејзините родители, повеќето од нејзиното семејство и најмалку 30 нејзини другарки.
Нејзиното семејство беше строго католичко семејство. Кога сите млади во Британија ги бакнуваа постерите на Џорџ Мајкл, таа во својот ѕид имаше слика на Исус ( Иса ). По одредено време разбра дека христијанството не и беше доволно, имаше многу прашања за кои немаше одговор, се чувствуваше незадоволна од недостигот на дисциплинската структура на нејзиното верување.
Ајша го виде нејзиниот иден маж Мухамед Бутан за прв кога имаше десет години бидејќи беше редовен купувач во продавниците за чевли во која одеше нејзиното семејство. Таа го видел него од зад грб како клања : „Имаше мир во тоа што го правеше“. Тој и рече дека е муслиман. Јас му реков : Што значи тоа „муслиман“?
Потоа, со негова помош таа почна повеќе да се интересира за Исламот. На 17 годишна возраст го заврши читањето на Куранот на арапски јазик. „Се што читав“, велеше таа „имаше причина“. Таа одлучи да премине во Ислам на 16 годишна возраст.
Кога го кажав сведоштвото како целиот товар од мене да паѓа. Се чувствува како новороденче. И покрај нејзиното преминување во Ислам, родителите на Мухамед беа против нивниот брак. Тие гледаа во неа како западна девојка која нивниот најстар син ќе го остави на улица и ќе го нарушуваше името на семејството.
Сепак, тие се земаа во една од локалните џамии. Ајша носеше фустан сошиен лично од мајката на Мухамед. Присутни беа и неговите сестри кои отидоа во церемонијата скришно, без желбата на нивниот татко кој одбиваше да го проследи сето тоа.
Неговата стара баба беше таа заслужната која го ослободи патот помеѓу жените. Таа дојде од Пакистан каде венчавките од мешани раси беа повеќе од табу со што таа инсистираше да се сретне со Ајша. Таа беше импресионирана од фактот што таа го читала Куранот и ги предмисли другите, и пополека Ајша, сега на 32 годишна возраст стана дел од семејството.
Родителите на Ајша, Мајкл и Мергори Роџерс кои ја следеа свадбата повеќе беа загрижени со тоа каква облека ќе облекла нивната ќерка ( т.е. Традиционалните шалвари ) и што ќе помислат соседите. Ајша имаше своја мисија, како да ги покани во Ислам и другиот дел од семејството освен нејзината сестра.
-„Се уште не работам со неа“.
„Јас и мојот сопруг сме работеле со родителите покажувајќи им за Исламот при што ги согледаа промените во мене како не им возвраќам на зборовите“
Нејзината мајка брзо одеше по нејзините стапки. Мергори го смени името во Сумеја со што стана богобојазна муслиманка. Се покри и почна да клања редовен намаз и ништо друго не и беше важно за неа колку што се односите со нејзиниот Бог.
Таткото на Ајша пак, покажа побавен ангажман, служејќи и на мајката која премине во Ислам се до смрт. ( - умре од рак ).
Јас и мајка ми зборуваме со татко ми околу Исламот се додека еден седејќи во кујна ни рече : Кои се зборовите кои ги кажувате кога станувате муслимани?
„Јас и мајка ми скокнавме врз него“.
По три дена, Исламот го прифати и братот на Ајша, неговата сопруга и децата и синот на нејзината сестра.
Таа не застана тука. Целото семејство премина во Ислам. Секој понеделник, веќе 13 години, Ајше предава исламска литература за шкотските жени. Таа им помогна на 30 жени да преминат во Ислам. Таа великодушно ги пречекува прашањата. „Ние не очекуваме луѓето да го прифатат оваа верување на слепо“.
Нејзиниот 41 годишен сопруг Мухамед Бута вообичаено помага во нивниот семеен ресторан, но неговата главна цел е своите пет деца да ги расте како муслимани.
Секоја венчавка има подеми и падови. „Секја тешкотија има своја леснотија“.
На овој начин, ако се наоѓате во тежок период, работете, за да дојде леснотијата“.
Мухамед е поромантичен : Мислам дека се знаеме меѓу себе со векови...
Според Исламот, вие не сте партнери само во овој свет туку можете да бидете партнери и во рајот, ЗАСЕКОГАШ. Убаво нешто е бракот, имајте го во предвид“.
Презмено од www.muslimconverts.com
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment