Thursday, August 20, 2020

Љубопитноста многу Американци ги доведе до исламот

Потресени од нападите кои се случија на 11.септември 2001 година и предизвиканата омраза кон исламот и муслиманите после тие напади, љубопитноста за исламот многу Американци всушност ги доведе до тоа да ја прифатат оваа вера. “Ми се чинеше дека е лудо да се направи тоа“ , вели Џоана Сегарич, за Хуффингтон Пост на 25.август оваа година. “Бев вработена жена во средни години, доста самоcтојна, доста современа, и одеднаш ја прифатив таа вера, во моментот кога беше толку напаѓана.“ Сегарич била шокирана од вестите за нападот на 11.септември. “Каква е тоа вера, која може да ги потикне луѓето на тоа?“ се сеќава Сегарич на својата прва реакција на таа вест. Барајќи ги одговорите оваа Американка решила подлабоко да се запознае со исламот читајќи го Куранот. “Дојдов до спознание дека морам да донесам одлука“, се сеќава таа. Неколку недели покасно, наставничката по музика од Утах почнала да го проучува исламот. Само неколку месеци покасно, таа решила да го изговори шехадетот. Сегарич не е единствена. Ангела Колинс Телес решила да го прими исламот откако го видела растењето на бесот и нападите врз муслиманите после 11.септември. “Ја видов својата земја како ги демонизира тие луѓе како терористи и угнетувачи на жени, а јас не можев да мислам така, зошто тоа не беше вистината“, вели таа. “Почуствував потреба да станам и да ги бранам.“ “Но, тогаш сватив дека неможам да се раправам без знаење.“ Тогаш Колинс Телес почнала да го проучува исламот за подобро да ја разбере таа вера. После длабоко истражување, таа решила да стане муслиманка. “Концептот на Бог беше нешто најубаво, и тој концепт се вклопуваше во она во што јас верував,“ рекла таа. Кели Кауфман имала слични искуства кога морала да ги брани муслиманите од обвинувањата дека се против мирот. “Тогаш сватив, ако ова го прифатам лично, морам да бидам спремна“, рекла таа. Кауфман решила да го проучува исламот откако била доста критикувана од страна на своите роднини поради нејзината волонтерска работа за претседателската кампања на претседателот Обама, затоа што тие верувале дека тој е муслиман. “Кога сватив дека со исламот моите уверувања се поклопуваат, го имав тој голем “ахааа“ момент, кој, полно луѓе кога ќе сватат нешто, го имаат. Едноставно се пронајдов во таа толку “застрашувачка вера“, како што медиумите ја третираат и како што е сватена од јавноста“, рекла таа. Загриженост Омразата кон муслиманите, меѓутоа, сеуште е извор на грижа за многу нови американски муслимани – конвертити. “Мислам дека тоа секогаш ќе биде грижа, се додека таа реторика не се промени“, рекла Кауфман, чија што фамилија и дава подршка, освен вујко и, кој што и на својата ќерка и забранува да се дружи со неа. “Од што се плашат?“ Триша Скуирес, која станала муслиманка минатиот месец, исто така ги искусила непријателските реакции поради прифаќањето на исламот. “Кумата на моето дете ќе биде муслиманка?“ , се сеќава таа на разочарувањето на својата најблиска пријателка. Скуирес исто така е загрижена за реакциите на своите пријатели и нејзиниот работодавач поради нејзината марама. Некои конвертити, меѓутоа, не се грижат за реакциите. “Никогаш не се грижев во врска со прифаќањето“, рекла Колинс Телес, која сега живее со сопругот во Бразил кој што исто така примил ислам откако се запознале. “Знаев дека го пронајдов Бог, и тоа беше се, што отсекогаш го сакав.“ Иако е тешко да се каже точниот број, набљудувачите проценуваат дека дури 20.000 Американци годишно прифаќаат ислам. Според зборовите на експертите, поголемиот број на конвертити после 11.септември се жени. Хиспо и Афроамериканците, кои што исламот доста често го прифаќале и пред 11.септември, го прават мнозинството на конвертити. Услужувајќи ги конвертитите, многу џамии покренале програми, се со цел да им се помогне при учењето на исламските темели: намазот, основата на верувањето и правилното однесување Вакар Шериф, кој добил за задача да направи програма за конвертити во исламскиот центар Вилмингтон, проценува дека неговата џамија добива околу четири до пет конвертити месечно. Преведено од: Onislam.net Превод и обработка: www.islamski-centar.org