Monday, July 27, 2009

ПОЗИТИВНИ ПОСТАВКИ ЗА ПРИМАЊЕ НА ИСЛАМОТ





Видовме неколку одбивни работи кои ги натерале конвертитите да ја сменат својата вероисповед. Од друга страна, природно, е дека тие во ислам нашле некои поставки кои ги задоволиле да преминат во ислам, а и самите го раскажуваат тоа. Еве неколку од нив:

1- Верувањето во чистиот монотеизам (Тевхид), дека единствена власт и обожување му припаѓа на Еден единствен Бог-Аллах кому ништо не му е рамно и слично.

2- Ставот на исламот во врска кон сите поранешни божји објави, каде што исламот повикува верување во сите поранешни божји пратеници и книги.

3- Нагласување на слобода во верувањето (Нема присила во вера, објаснет е патоказот од заблудата).

4- Давање почесно место на разумот како средство за размислување и расудување (Ви ги објаснивме нашите знаменија за да размислувате).

5- Силниот повик на исламот кон стекнување на наука и користење со начуните олеснувања (Речи: Господару мој, зголеми го моето знаење)

6- Отфрлање на исламот на секаква форма на посредување меѓу човекот и Бога, така што муслиманот има директна врска и однос со Бога.

7- Потврда на исламот на поединечните и општите права и повикување на неговите следбеници за братство и љубов.

8- Повикот на исламот кон праведен мир, всушност, самиот израз ислам во буквален превод значи "МИР" и преданост на Бога.

9- Исламот е универзална и хумана вера, и дека Мухаммед а.с. и испратен како милост до целото човештво.

10- Исламот претставува форма на верување, ритуали, меѓусебна соработка и морал.

11- Постоење на рамнотежа меѓу духот и материјата, меѓу овој и оној свет.

12- Куранот - кој е исламски законик кој останал сочуван и непроменет до ден-денес.

ПРИЧИНИ ЗА ПРИМАЊЕ НА ИСЛАМОТ





Мнозина од оние кои го прифатиле исламот претходно биле христијани кои поради многу нејасни доктрини во него на кои не можеле да им најдат одговор ги принудило да преминат во ислам. Како најчести причини за преминување во ислам се следниве:

1- Нејасноста на верувањето во светото тројство и неможноста за негово рационално сфаќање.

2- Тврдењето за божествена природа на Месих Исус (Иса а.с.)и дека Мерјем (Марија) е мајка на Отецот.

3- Верување во вечната пакост и несреќа на човештвото поради наследеноста на првиот грев направен од Адем а.с. и Ава а.с., и незадоволството дека сите луѓе го имаат наследено гревот на првите родители од самиот почеток на животот.

4- Верувањето во распнување врз основа дека Месих Исус самиот прифатил да биде распнат на крст за да им се избришат гревовите на луѓето.

5- Верувањето во "обединетост" по пат на светиот леб кој го претставува телото на Месих каде се вели дека парчето леб кој католиците го јадат од раката на свештеникот во текот на молитвата на обединетост се претвора во крвта на Месих.

6- Придавање општа власт на верските лица дека тие се посредници меќу луѓето и Бога, дека тие имаат право на прос тување на гревовите и дека папата има света власт и тој е безгрешен.

7- Неприкосновено верување во одлуките на црквата па дури и да се противат на разумот..

Sunday, July 26, 2009

Мухамед Асад (Леополд Вајс)





Роден е во Л’вов (Полска) 1900 година, кој во тоа време влегувал во составот на поранешна Австро-Унгарија. Во дваесет и втората година од животот, како дописник на германските весници, а посебно на познатиот весник „Франкфуртер Цајтунг“ (Frankfurter Zeitung), ги започнал своите долги патувања по исламските земји. Запознавајќи се со принципите на исламот и со стилот на живеење во исламските земји, тој во 1926 година го прифаќа исламот и целиот свој живот го посветува на студирањето на оваа вера, активно учествувајќи во многу динамични акции. По основањето на Пакистан, се назначува за негов претставник во Обединетите Нации. По некое време се повлекува од оваа положба и за да може да придонесе повеќе за исламот, се посветува на публицистичката дејност. Пишува на англиски, арапски и германски јазик. Тој вели:
„Исламот ми изгледа како совршено архитектонско дело. Сите негови делови се хармонично конципирани за да се исполнат и да се поддржуваат еден со друг; ништо не е излишно и ништо не недостига, што резултира со совршена рамнотежа и смиреност. Можеби токму ова чувство дека сè во учењето и во постулатите на исламот е ,на свое место‘ го направи најсилниот впечаток врз мене. Покрај тоа, можело да има и други впечатоци кои денес ми е тешко да ги анализирам. Конечно, тоа е прашање на љубов, а љубовта е составена од бројни нешта: од нашите желби и нашите осамености, од нашите сили и нашите слабости. Така беше и со мене. Исламот влезе во мене тивко и трајно, но – засекогаш.“

ФРАНЦУСКИОТ ФУДБАЛЕР НИКОЛАС АНЕЛКА



Веста за примање на исламот на овој фудбалер го пренесе неделниот Египетски весник.. осма година.. број 380.. страница 10 ... издадена во Понеделник 21 јуни 2004 година.
Иако тој не учествува во Француската репрезентација за европскиот куп, тој настапува за англискиот клуб Манчестер сити, поранешен играч на Реал Мадрид. По примањето на ислам го промени името од Николас Анлека на Билал Анелка. Тој беше во посета на Саудија во придружба со дванаесет француски фудбалери, повеќето кои примиле ислам. Истовремено, со нив беше и шејх Мухаммед ибн Јунус, исламскиот свештеник и имам на џамијата “Рахмет” во Париз. Во текот на нивната посета на саудискиот фудбалски клуб “Иттихад” менаџерот на клубот Ибрахим Белеви им подари скапоцени подароци. Меѓу нив цедиња со коментар на Кур’анските значења на француски јазик. Потоа, фудбалерите присуствуваа на верското предавање кое се одржа во салата на клубот, каде што се расправаше за нивното преминување во ислам. Билал Анелка раскажа дека го примил исламот одамна од страна на неговиот туниски пријател по име Исмаил кој заедно играл со него во клубот “Пари Сен Жермен” “Секогаш ми зборуваше за исламската вера, нејзините начела и принципи. Благодарност на Аллах кој ме воведе во редовите на муслиманите и многу сум среќен за мојата посета на божјите свети места, земјата на почесното Кабе и божјиот пратеник Мухаммед а.с. Меѓу француските фудбалери кои примиле ислам беше и Доми, играч на англискиот Лидс Јунајтед. Филип играч на фрацускиот клуб Бордо и неговиот сооиграч Ерик. Играчот на Марсел “Дуду”, играчот на Оксер “Менди” кој го промени името во Абдурешид. Самуел голман на францускиот клуб Кан, кој го промени името во Исмаил.
Ова е веста која ја објавија новинарите од Дубаи:

Посетата на француската ѕвезда Николас Анелка и неговиот придружник Дидие Доума на Емирати пред две недели помина во најдобар ред и без главоболка, освен што некои Веб-страници објавија фотографија. Меѓу нив, како Николас Анелка посетува џамија и се собира со муслиманската младина и присуствува на верски предавања.
“Франс футбоол” беше најпрв кој ги објави овие фотографии и потврди дека Анелка го примил исламот во Емирати и некои изјави му ги припиша нему: “Најде рамнотежа во исламската вера и посакува да остане во исламска држава за да може да ги извршува слободно верските прописи и да ги упатува другите во вера”.

Весникот ЕВЕНИНГ СТАНДАРД од Лондон пренесе некои слики на Анелка со младинци во џамија. Весникот потврди дека Анелка го носи името Билал и дека многу соиграчи-фудбалери од Англија ги повикува во ислам.

Анелка се налутил на овие изјави и се јавил во агенцијата “Франс Пресс”, за да ги објасни сите објавени информации околу неговата личност. Објаснил дека фотографиите се без негово одобрение објавени и дека тоа е негов приватен и личен живот.
Анелка бил и во светиот град Мека каде извршил мал хаџ - Умра заедно со многу другари французи. Меѓу нив, Дидие Доума, играч на Лидс. Анелка се одзвал на повикот на клубот “Вахде” од Мекка. Но се изненадил од многуте камери и фоторопортери. Им кажал на новинарите дека тој има договор со Манчестер сити па се плаши нивните извештаи да не му наштетат на неговиот договор.

“Зошто Анелка го прифатил исламот? Зошто ги повикува своите пријатели во исламската вера? Зошто го прикрива своето прифаќање на исламот од поодамна во Европа?”... Ова беа неколкуте прашања кои француските медиуми ги поставуваа минатата недела.
Познатиот француски напаѓач: Николас Анелка вели:

Исламот е прекрасна вера и јас ја прифатив уште кога имав шеснаесет години.

Француската ѕвезда во фудбал Николас Анлека откри дека исламот го примил уште од шеснаест годишна возраст а не пред неколку години спротивно на она што се пренесува за него.

Анлека за Емиратското списание издадено минатата среда изјавил дека: „Кога почнав да се бавам со футбал уште пред дванаесет години, бев вистински муслиман. Мојата вера ми помогна да бидат со поголемо трпение и смиреност и префинетост, таа е прекрасна вера и го смени мојот живот во позитивна насока и ми помогна да бидам непоколеблив и да одам со крената глава гордо.“

„И покрај се што се случи во мојот живот од позитивни и негативни работи, јас секогаш имав потреба од мир и спокој и да се однесувам позитивно во сите мигови, а тоа е она што ми помогна верата.“

„Исламот е тој што ме направи да бидам среќен од мојата длабочина и смирен во мојата душа, што и да се случеше знаев дека ќе помине и дека треба да трпеливо да се поднесува и да чекам додека се поправат нештата.“

„Многу грешат луѓето кога велат дека сум бил христијанин па станав муслиман, јас никогаш не бев христијанин, обично немав вера, едноставно почувствував дека прифаќањето на исламот е правилен избор и јас сум среќен што сум муслиман, бидејќи тој е вера на мир и учам многу од него.“

Исламтодеј на француски