Sunday, July 26, 2009

Мухамед Асад (Леополд Вајс)





Роден е во Л’вов (Полска) 1900 година, кој во тоа време влегувал во составот на поранешна Австро-Унгарија. Во дваесет и втората година од животот, како дописник на германските весници, а посебно на познатиот весник „Франкфуртер Цајтунг“ (Frankfurter Zeitung), ги започнал своите долги патувања по исламските земји. Запознавајќи се со принципите на исламот и со стилот на живеење во исламските земји, тој во 1926 година го прифаќа исламот и целиот свој живот го посветува на студирањето на оваа вера, активно учествувајќи во многу динамични акции. По основањето на Пакистан, се назначува за негов претставник во Обединетите Нации. По некое време се повлекува од оваа положба и за да може да придонесе повеќе за исламот, се посветува на публицистичката дејност. Пишува на англиски, арапски и германски јазик. Тој вели:
„Исламот ми изгледа како совршено архитектонско дело. Сите негови делови се хармонично конципирани за да се исполнат и да се поддржуваат еден со друг; ништо не е излишно и ништо не недостига, што резултира со совршена рамнотежа и смиреност. Можеби токму ова чувство дека сè во учењето и во постулатите на исламот е ,на свое место‘ го направи најсилниот впечаток врз мене. Покрај тоа, можело да има и други впечатоци кои денес ми е тешко да ги анализирам. Конечно, тоа е прашање на љубов, а љубовта е составена од бројни нешта: од нашите желби и нашите осамености, од нашите сили и нашите слабости. Така беше и со мене. Исламот влезе во мене тивко и трајно, но – засекогаш.“

No comments:

Post a Comment