Sunday, December 26, 2010

Македонка го прифаќа Исламот!


„Македонка го прифаќа Исламот“ .












Во Куранот ги најдов сите мои одговори!


„При читање на Библијата не ги најдов моите одговори. Потоа, почнав да го читам Куранот и во себе имав поинакво чувство од тоа кога ја читав Библијата. Колку повеќе читав, толку повеќе наоѓав одговор на моите безбројни прашања. Затоа, по сопствена волја одлучив да го прифатам исламот и се согласувам со сите правила кои ги проповеда исламот“, вели Адријана која пред муфтијата Ибрахим ефенди Шабани го изговори Шехадетот и го прифати исламот.


„Сведочам дека нема друг Бог, освен Аллах, кој заслужува да се обожува и дека Мухаммед а.с е Негов пратеник“, овие зборови ги кажа Адријана Николовска од скопската населба Карпош која по долго барање и истражување во врска со исламската вера во муфтиството на ИВЗ во Скопје јавно го прифати исламот.


Студентка по архитектура на Универзитетот во Скопје, сега направи суштинска промена во својот живот и од христијанка според фамилијарната верска припадност, стана муслиманка.

Покриена со шамија и целосно насмеана, не ја криеше радоста која ја чувствуваше кога го следеше муфтијата Ибрахим Шабани збор по збор изговарајќи го Ш ехадетот кој е еден од петте услови за да се стане муслиман.


„И сега сум муслиманка?“ – праша искрено.


„Шехадетот значи - да веруваш со срце, да изговориш усно и да работиш според она во што веруваш и кажуваш. Штом го изговори шехадетот, ти стана муслиманка, и одговори муфтијата Ибрахим Шабани кој ја благослови за преземениот чекор.


Се разбира, таа почна да ја раскажува својата приказна.


-„Доаѓам од скопската населба Карпош, но како мала мојот контакт со муслиманите беше слаб. Но, тоа се промени со моето запишување во средното училиште „Јахја Кемал“ во Скопје. Таму запознав многу муслимани – Албанци со кои станав многу блиска“, објаснува Адријана.


На почетокот и биле чудни однесувањата на нејзините пријатели полни со добрина, кои го имале исламот како основа.


„Не го сфаќав нивното верување. Моите познавања во врска со исламот беа минимални. Фактички, и тие познавања беа преполни со лоши толкувања и стереотипи. Често дебатиравме и се спротивставувавме меѓу себе. Често им поставував прашања на девојките муслиманки и се чудев како можеа да бидат толку сигурни во она во што веруваа и следеа. Почнав да се поврзувам со оваа вера која до пред извесно време ја чувствував далечна“- вели ново конвертираната муслиманка која полна со волја започнала да чита за сосема непозната област до сега за неа.


„Имав многу погрешни предрасуди и тоа во главно од медиумите. Колку повеќе читав, толку повеќе се убедував во спротивното и моето мислење за исламот почна да се судира со тоа што го гледав во медиумите“- кажува Адријана додавајќи дека во тоа време не го сметаше исламот како нејзина вера бидејќи многу нешта од оваа вера биле под знак прашалник и ја држеа подалеку.


Во четвртата година од средното училиште решава да оди во Америка. Таму одлучува да ја чита Библијата.


„При читањето на Библијата не ги најдов моите одговори. Потоа, почнав да го читам Куранот и во себе имав поинакво чувство од тоа кога ја читав Библијата. Колку повеќе го читав, толку повеќе наоѓав одговор на моите безброј прашања. Затоа, по сопствена волја одлучив да го прифатам исламот и се согласувам со сите правила кои ги проповеда исламот“, вели Адријана.


Истакнува дека причина за нејзиното задоволство е познавањето на исламот и додава:- „Душевниот однос на муслиманите со Бог, искреноста помеѓу нив и животот со јасни цели се факторите кои ме ориентираа кон исламот. Ние во Македонија, иако живееме едни покрај други, сме создале поделени животи и се грижиме само за себе. Меѓу муслиманите забележуваме поискрени односи. Сега имам поубаво чувство меѓу исламскиот уммет (народ) и многу го сакам исламот како најцелосен и најјасен пример за животот“.


Адријана Николовска својата историја ја завршува со зборовите, „Нека не предводи Бог во целиот наш живот, да Му веруваме Нему, затоа што само Тој знае што е добро за нас, да Му се заблагодаруваме постојано, да се обидеме да бидеме богобојазни муслимани, да му се покориме само Нему, да се сеќаваме на Него без прекин а не само тогаш кога се чувствуваме лошо. Да ни даде Бог доволна сила за да опстоимеме на Вистинскиот пат“


Муфтијата Ибрахим ефенди Шабани и го честиташе на Адријана преземениот чекор со што истакна дека во ова време се соочуваме со широка пропаганда против исламот.


„Сепак, и покрај пропагандниот бран, сведоци сме дека чувствата на многу луѓе ширум светот со зближуваат повеќе со мислењата и аспирациите на исламот. По дивиот пропаганден бран кој го обвинува исламот како вера на насилство и поддржувач на тероризмот, многу луѓе станаа љубопитни да ја научат вистината за оваа вера при што се обидоа да создадат вистинска слика за исламот, далеку од шпекулациите на медиумите“, истакна Шабани.


Според него, проширувањето на наклонетоста кон исламот е сведок дека исламот како последна Божја вера има јасни програми кои водат кон среќа на човештвото.


„Како последица, тие кои ги познаваат принципите и програмите на оваа вера, стануваат наклонети кон неа. Исламот со своите реални и урамнотежени програми е вера која се согласува со сите човечки потреби со што ги привлекува луѓето. Фактички, најголемиот фактор за проширување на исламскиот бран се оригиналните начела на исламот. Исламот им посветува посебна важност, почитување на моралните вредности како правдата, мирот, спријателувањето и мирниот соживот помеѓу народите“, истакнува Ибрахим еф. Шабани кој додава дека „Допадливите вредности како верноста, чувањето на аманетот, чување (одржување) на ветувањето, одговорноста кон другите, правдата и спријателувањето се само неколку од начелата на исламот. Во другите вери помалку важност им се посветува на моралните вредности. Исламот има јасни начела во врска со економскиот, политичкиот и социјалниот систем за исполнување на потребите на муслиманите и не– муслиманите објаснувајќи го вистинскиот начин на однос со другите“.


Преведе : Рихан И

2 comments:

  1. mashallah, sestro neka bide ovoj cekor prv cekor na patuvanje sto ke zavrsi vo rajot.

    ReplyDelete
  2. Zosto taka razmisluvate mislam toa e samo naucna fantazija pretstavena kako ''Raj'' i ''Pekol'' znaci koj moze da dokaze dali toa postoi dali nekoj nekogas go videl toa.Ke vi raskazam edna prikazna kade sto eden odza bil vo opasnost i za da si go spasi zivotot ja kazal vistinata.Bile poveke patnici vo avtobus dvajca muslimani i odzata i vozacot koj bil Hristijanec,vozacot go prasuval odzata dali postoi Rajot toj mu odgovoril da i tvrdel deka e taka no vozacot bil mudar i go zabrzal avtobusot i na odzata mu odgovoril:''Sega ke odime vorajot'' odzata se vozbudil i na hristijanecot mu odgovoril:''Nema nikade raj RAJOT E NA ZEMJATA''. Znaci kako sto e taka kazal.Sepak cuvajte si gi verite svoi i veruvajte vo toa sto treba da se veruva,a ako ja smenite vasata vera nemoj da mislite deka so toa ke vi pomogne da zavrsite vo Rajot.Sekoj covek vo svetot gresi toa znaci deka site ke zavrsat vo pekolot? Hmm razmislete.Sepak Rajot e tuka na zemjata zivotot e tuka!

    ReplyDelete