Sunday, December 26, 2010

Македонка го прифаќа Исламот!


„Македонка го прифаќа Исламот“ .












Во Куранот ги најдов сите мои одговори!


„При читање на Библијата не ги најдов моите одговори. Потоа, почнав да го читам Куранот и во себе имав поинакво чувство од тоа кога ја читав Библијата. Колку повеќе читав, толку повеќе наоѓав одговор на моите безбројни прашања. Затоа, по сопствена волја одлучив да го прифатам исламот и се согласувам со сите правила кои ги проповеда исламот“, вели Адријана која пред муфтијата Ибрахим ефенди Шабани го изговори Шехадетот и го прифати исламот.


„Сведочам дека нема друг Бог, освен Аллах, кој заслужува да се обожува и дека Мухаммед а.с е Негов пратеник“, овие зборови ги кажа Адријана Николовска од скопската населба Карпош која по долго барање и истражување во врска со исламската вера во муфтиството на ИВЗ во Скопје јавно го прифати исламот.


Студентка по архитектура на Универзитетот во Скопје, сега направи суштинска промена во својот живот и од христијанка според фамилијарната верска припадност, стана муслиманка.

Покриена со шамија и целосно насмеана, не ја криеше радоста која ја чувствуваше кога го следеше муфтијата Ибрахим Шабани збор по збор изговарајќи го Ш ехадетот кој е еден од петте услови за да се стане муслиман.


„И сега сум муслиманка?“ – праша искрено.


„Шехадетот значи - да веруваш со срце, да изговориш усно и да работиш според она во што веруваш и кажуваш. Штом го изговори шехадетот, ти стана муслиманка, и одговори муфтијата Ибрахим Шабани кој ја благослови за преземениот чекор.


Се разбира, таа почна да ја раскажува својата приказна.


-„Доаѓам од скопската населба Карпош, но како мала мојот контакт со муслиманите беше слаб. Но, тоа се промени со моето запишување во средното училиште „Јахја Кемал“ во Скопје. Таму запознав многу муслимани – Албанци со кои станав многу блиска“, објаснува Адријана.


На почетокот и биле чудни однесувањата на нејзините пријатели полни со добрина, кои го имале исламот како основа.


„Не го сфаќав нивното верување. Моите познавања во врска со исламот беа минимални. Фактички, и тие познавања беа преполни со лоши толкувања и стереотипи. Често дебатиравме и се спротивставувавме меѓу себе. Често им поставував прашања на девојките муслиманки и се чудев како можеа да бидат толку сигурни во она во што веруваа и следеа. Почнав да се поврзувам со оваа вера која до пред извесно време ја чувствував далечна“- вели ново конвертираната муслиманка која полна со волја започнала да чита за сосема непозната област до сега за неа.


„Имав многу погрешни предрасуди и тоа во главно од медиумите. Колку повеќе читав, толку повеќе се убедував во спротивното и моето мислење за исламот почна да се судира со тоа што го гледав во медиумите“- кажува Адријана додавајќи дека во тоа време не го сметаше исламот како нејзина вера бидејќи многу нешта од оваа вера биле под знак прашалник и ја држеа подалеку.


Во четвртата година од средното училиште решава да оди во Америка. Таму одлучува да ја чита Библијата.


„При читањето на Библијата не ги најдов моите одговори. Потоа, почнав да го читам Куранот и во себе имав поинакво чувство од тоа кога ја читав Библијата. Колку повеќе го читав, толку повеќе наоѓав одговор на моите безброј прашања. Затоа, по сопствена волја одлучив да го прифатам исламот и се согласувам со сите правила кои ги проповеда исламот“, вели Адријана.


Истакнува дека причина за нејзиното задоволство е познавањето на исламот и додава:- „Душевниот однос на муслиманите со Бог, искреноста помеѓу нив и животот со јасни цели се факторите кои ме ориентираа кон исламот. Ние во Македонија, иако живееме едни покрај други, сме создале поделени животи и се грижиме само за себе. Меѓу муслиманите забележуваме поискрени односи. Сега имам поубаво чувство меѓу исламскиот уммет (народ) и многу го сакам исламот како најцелосен и најјасен пример за животот“.


Адријана Николовска својата историја ја завршува со зборовите, „Нека не предводи Бог во целиот наш живот, да Му веруваме Нему, затоа што само Тој знае што е добро за нас, да Му се заблагодаруваме постојано, да се обидеме да бидеме богобојазни муслимани, да му се покориме само Нему, да се сеќаваме на Него без прекин а не само тогаш кога се чувствуваме лошо. Да ни даде Бог доволна сила за да опстоимеме на Вистинскиот пат“


Муфтијата Ибрахим ефенди Шабани и го честиташе на Адријана преземениот чекор со што истакна дека во ова време се соочуваме со широка пропаганда против исламот.


„Сепак, и покрај пропагандниот бран, сведоци сме дека чувствата на многу луѓе ширум светот со зближуваат повеќе со мислењата и аспирациите на исламот. По дивиот пропаганден бран кој го обвинува исламот како вера на насилство и поддржувач на тероризмот, многу луѓе станаа љубопитни да ја научат вистината за оваа вера при што се обидоа да создадат вистинска слика за исламот, далеку од шпекулациите на медиумите“, истакна Шабани.


Според него, проширувањето на наклонетоста кон исламот е сведок дека исламот како последна Божја вера има јасни програми кои водат кон среќа на човештвото.


„Како последица, тие кои ги познаваат принципите и програмите на оваа вера, стануваат наклонети кон неа. Исламот со своите реални и урамнотежени програми е вера која се согласува со сите човечки потреби со што ги привлекува луѓето. Фактички, најголемиот фактор за проширување на исламскиот бран се оригиналните начела на исламот. Исламот им посветува посебна важност, почитување на моралните вредности како правдата, мирот, спријателувањето и мирниот соживот помеѓу народите“, истакнува Ибрахим еф. Шабани кој додава дека „Допадливите вредности како верноста, чувањето на аманетот, чување (одржување) на ветувањето, одговорноста кон другите, правдата и спријателувањето се само неколку од начелата на исламот. Во другите вери помалку важност им се посветува на моралните вредности. Исламот има јасни начела во врска со економскиот, политичкиот и социјалниот систем за исполнување на потребите на муслиманите и не– муслиманите објаснувајќи го вистинскиот начин на однос со другите“.


Преведе : Рихан И

Monday, December 6, 2010

Најмалку милион и пол Американци преминале во ислам




Пред некое време најмоќната телевизија во светот СNN, објави прилог за преоѓањето на Американците во ислам, после 11.септември 2001 година. Според CNN после 11 септември во САД голем број на Американци прифатиле ислам.
Исламот во Америка е присутен уште од 18 век. Според веродостојни документи, прв муслиман кој стапнал на тлото на САД бил Јуба Сулејман Диалло, Сенегалец, кој што трговците со робови во 1731 година го заробиле и го донеле како роб во САД.
Историјата ќе ја оставиме за друга прилика, нашата приказна за исламот во САД се преселува во 21 век, поточно во времето после 11 септември. Пред неколку дена најмоќната телевизија во светот CNN објавила прилог за преоѓањето на Американците во ислам после 11 септември 2001 година. Според CNN после 11 септември во САД голем број Американци преминале во ислам.
Во склоп на спомнатиот прилог објавени се бројни исповеди на Американци кои што наведуваат дека трагајќи по одговорите за исламот после шокантниот напад во Америка на 11 септември 2001 година, добиле одговори кои ги упатиле во ислам. Во контекст на приказната за исламот после 11 септември, CNN наведува дека денес во САД, има околу 6 милини муслимани, од кои 1 милион преминале во ислам. CNN не изнел конкретни податоци за бројот на Американците кои после 11 септември 2001 година го прифатиле исламот, и се задржале на констатацијата дека се работи за голем број на Американци.
Со истата тема како и CNN во последно време се занимавала и уште една угледна американска телевизија, збор е за каналот NBC News. Според телевизијата NBC News, после 11 септември 2001 година голем број Американци сакале да дознаат повеќе за исламот. Книгите и другите пишани, аудио и видео материјали тие денови биле многу барани насекаде во Америка.
Зголеменото интересирање за исламот имало за последица да десетина илјади Американци се решат да го прифатат исламот. NBC News наведува конкретна бројка на Американците кои што на годишно ниво го прифаќаат ислам : „ После 11 септември над 20 илјади Американци годишно го прифаќаат исламот.“ исто така NBC News наведува дека, благодарение на брзиот пораст на бројот на муслиманите во последните години, денес во САД има помеѓу 7 и 8 милиони муслимани, меѓу кои голем број се родени Американци кои последните години преминале во ислам.


Извор: САФФ
__________________
Превод :Кхајрун Ниса

Sunday, November 21, 2010

Од Ем –Ти –Ви во Мека.





Од Ем –Ти –Ви во Мека.

Како го прoмени Исламот мојот живот?!

„Се чувствувам понижена“, пишува Кристина Бекер во нејзиниот дневник во 1991 година. Во тоа време таа имаше живот како што сонуваа илјадници млади од целиот свет. Таа беше избрана помеѓу илјадници конкуренти како прва германска водителка во „Ем-Ти-Ви Европа“ и за нејзината работа таа ја освои најпрестижната германска награда за телевизија „Златна камера“.

И покрај ова, таа се уште се чувствуваше празна. Во август 1992 година таа се омажи со еден од најпознатите пакистански крикети, Имран Кан. Тој ја советуваше да го чита Куранот, а потоа таа продолжи и со други книги околу верувањето. По многубројните патувања во исламските земји и откако разбра дека го најде душевниот пат, таа премина во Ислам во лондонската џамија во 1995 година и дефинитивно ја остави својата работа во Ем-Ти-Ви.

Во 2009 година во Германија таа ја издаде автобиографската книга „Од Ем-Ти-Ви во Мека, како Исламот го промени мојот живот“. Книгата се преведе на арапски, англиски и турски јазик.

Кристина работи на меѓуверскиот и меѓукултурниот дијалог и е светска амбасадорка на Фондацијата за Исламски Истражувања. Во последно време, од Државата Египет таа беше наградена со претседателска медала за уметност и наука околу нејзините напори за праведно разбирање на Исламот во Запад.

Во својата нова книга, Кристина Бекер отворено зборува за плиткоста на телевизијата и музичкиот бизнис од кои веќе се откажа. Таа е порасната како протестант во Хамбург. 43 годишната Бекер сега клања пет пати на ден и не пие алкохол. Таа дава пари за сиромашните и го пости месецот Рамазан.

„Првично, твојата врска со Бог во Исламот е многу блиска затоа што ти клањаш неколку пати дневно. Кога клањаш пет пати на ден ти се поврзуваш со Бог секој пат кога клањаш. Друга работа е фактот што јас не можам да разберам неколку доктрини на христијанството. Не можам да го разберам концептот на „Тројство“ што подразбира соединување на Таткото, Синот и Светиот Дух во Едно. Јас бев восхитена од хуманоста на луѓето кои сум ги сретнала и кои можат да се сретнат во целиот Ориент“ – вели таа.

Враќањето во Исламот

Одлуката за премин во Исламот донесе промени во неа. Таа сега носи долга облека и блузи со долги ракави. Нејзините родители, најблиските и нејзините другарки не се согласуваат и се чувствуваат тажни. Кристина на крај додава дека на крајот на краиштата секој ја почитува нејзината одлука. Но, сепак германските медиуми не се однесуваа на најдобар можен начин. Кристина Бекер верува дека актуелната „исламофобија“ во Европа може да биде трага на историски конфликти.

„Едно нешто не можам да разберам, времето на ориенталната литература на Гете кој ја инспирираше „ренесансата“ во Европа. По се изгледа, тогаш можеше да се види поголема искреност и можеби поголемо разбирање за верата и туѓата култура, на крајот на краиштата барем во културна основа“.

Критичарите нејзината книга ја нарекоа наивна, додавајќи дека таа ги игнорира негативните страни на муслиманското општество. Но Кристина вели дека се што се случува во светот во името на ИСЛАМОТ апсолутно е непознато во исламот.

Во врска со книгата

“Би била среќна ако мојата книга ги инспирира луѓето да ја откријат нивната душевна страна и да се препознаат себеси. Од друга страна, сакам да помогнам во објаснување на некои предрасуди околу Исламот. Сакам да градам „мостови“ и да го поддржам дијалогот помеѓу различни вери и култури“.

Во времето кога промените на културите и верите живеат заедно и поблизу од порано и во време кога Исламот станува „жешка тема“ поради екстремизмот кој го пласираат медиумите, Кристина ја издаде книгата од „Ем-Ти-Ви во Мека“. Таа во книгата ни ја објаснува приказната како водителка на Ем-Ти-Ви која имаше се што сонуваше една млада личност, и како славата и одличниот живот премина во верата за која најмногу се зборува и во верата која најлошо се толкува на Запад. И покрај огромните професионални предизвици, таа го пронајде внатрешниот мир во својот живот во Исламот.

Таа исто така објаснува како ги решила предрасудите кои се дел од општите случувања на Исламот, како пронајде заеднички вредности помеѓу верите и најважно, КАКО ЈА ПРОНАЈДЕ ВИСТИНАТА – НАРЕЧЕНА ИСЛАМ.

Преведе : Рихан Исмаили

Monday, November 15, 2010

Шекил О Нил е муслиман

Шекил О Нил е муслиман и моментално е на аџилак во Мекка.



Sunday, October 24, 2010

СВЕДОШТВО НА АНГЛИСКИОТ ФИЛОЗОФ ТОМАС КАРЛАЈЛ


СВЕДОШТВО НА АНГЛИСКИОТ ФИЛОЗОФ ТОМАС КАРЛАЈЛ (THOMAS CARLYLE) ЗА ВЕРОДОСТОЈНОСТА НА МИСИЈАТА НА МУХАММЕД,САЛЛАЛЛАХУ АЛЕЈХИ ВЕ СЕЛЛЕМ

Секој разумен и објективен човек, не би можел ништо друго, освен да ја признае мисијата на Мухаммед, саллаллаху алејхи ве селлем, заради многуте докази кои го потврдуваат тоа.

Нема сомнение дека сведоштвата на неистомислениците има посебна тежина, бидејќи, како што се вели, непријателското признавање е вредно признавање.

Следи сведоштво на познатиот англиски филозоф Томас Карлајл, добитник на Нобелова награда, кој во својата книга ’Херои’ исцрпно говори за Мухаммед, саллаллаху алејхи ве селлем, и обраќајќи им се на христијаните на кои, и самиот им припаѓа.

Меѓу другото вели: “Тоа е голем срам за секој во сегашно време, да слуша квалификации од типот “Исламот е лажна вера и дека Мухаммед е измамник и лажливец “.

Мораме да се спротивставиме на овие бесмислени и срамни измислици, бидејќи мисијата која е исполнета од страна на тој Пратеник, сеуште трае, а дванаесет векови сме подоцна, водечко светло кое води 200 милиони луѓе.

Зарем може некој да замисли дека оваа вера, вера со која живеат и умираат неброени милиииони луѓе, е лага и измама?!

Што се однесува до мене, тоа никогаш не можам да си го дозволам!

Па, зарем на овој начин ’лагата и измамата’ да им се подметне на Аллаховите створенија и вака да бидат прифатени?

Тогаш луѓето, не се ништо друго освен будали и луди!

Колку ова тврдење е бесмислено и колку се сиромашни и кутри неговите заговорачи и колку тие треба само да се сожалуваат!

После тоа, кој сака да постигне успех во хуманистичките науки тој не смее да поверува во ништо што говорат овие незнајковци, затоа што нивните ставови се производ на атеизираната генерација и друштво, тие се доказ на расипни срца и свест, доказ на мртов дух во живи тела.

Ми се чини дека светот не запомнал полажно и поболно мислење од нивното.

ДАЛИ, браќа мои, некогаш сте виделе човек лажливец, да воспостави и да прошири вера?

Се колнам во Бога, лажливецот не би можел и куќа да направи, зошто ако не ги знае карактеристиките на варта, малтерот, земјата и слично, тогаш она што тој ќе го направи не ќе биде куќа, туку обичен куп, на дупки и мешовина на различни материјали.


Да, да, и не може да се очекува дека таа ќе остане исправена дванаесет векови и дека ќе ја населуваат две стотини милиони луѓе. Напротив, таквата куќа ќе се очекува да се сруши до темел и од неа да не остане никаква трага.“

По тоа, тој вели: ’ Според тоа, Мухаммед никогаш не сме го сметале за лажго и измамник, кој користел лаги и трикови како би ја постигнал саканата цел или да се стремил за положба или власт или нешто друго од тие безвредни нешта.

Мисијата која ја спровел и зборовите кои ги говорел не се ништо друго освен јасна ВИСТИНА.

Навистина, Мухаммед не е лажго, ниту фалсификатор, и вистина е тоа што ја отфрла секоја лага и ги негира сите аргументи на неверниците.

Понатака, да не заборавиме уште нешто, тој никогаш не учел пред некој учител, пишувањето тогаш било нешто ново во арапските краишта и во тоа време.

Мухаммед не усвоил ништо од искуството на другите, ниту црпел од извор од кој било човек.

Бил ист како и другите великани и веровесници, оние кои се споредуваат со блескавите ѕвезди во темните ноќи.

Гледаме дека во целиот негов живот бил со цврст принцип, утврден, дарежлив, доброчинител, благ, богобојазен, морален, слободен, храбар, работен, доверлив, а во исто време љубезен, со нежна природа, спокоен и насмевнат, дружељубив, пријатен соговорник, понекогаш и шегаџија.

Со еден збор, лицето му сјаело со светла насмевка, со одраз на искрена природа, бидејќи постојат луѓе со вештачка насмевка како и одраз на извештачени дејствија и зборови.“

Понатака, вели: “Беше праведен, добронамерен, интелегентен, остроумен, полн со светлина како на челото да му зрачат ѕвезди, голем човек по природа, кој училиште не го образувало, ниту учител го воспитувал, тој, едноставно, бил независен од тоа.

Пристрасните христијани и неверници тврдат дека Мухаммед сакал лична промоција, углед и власт.

Не, се колнам во Бога, во срцето на тој човек – син на пустина и пустински пространства, со топли зеници, великодушен, полн со милост, добра, мудрост и ум – немало ни најмалку алчност за овој свет, ниту намера и желба за власт и престиж.

Како и нема да биде така, кога тој бил голема, тивка душа и човек кој им припаѓа на оние кои можат да бидат само одани и сериозни.

Така, додека другите ги гледаш задоволни со лажна терминологија, лебдејќи во колотечните лажни интереси, го гледаш Мухаммед кој не сакал да се краси ниту со најмала лага и измислица.

Бил единствен во својата големина, познавањето на нештата и створенијата, тајната на постоењето се откривала пред неговите очи, во своите стравови и убавини.

Не постоело ништо, никаква лага, која тоа би му го засолнала. Таа величествена тајна го повикувала: ’Еве, тоа сум јас!’

Таква искреност мора да биде плод на света Божествена инспирација.

Овој човек кога би зборувал, би се отворало секое уво, би се разбудило секое срце, и секој говор во споредба со неговиот би се распрснал и залуден.

Понатака, уште вели: ’Затоа да го отфрлеме безмилосниот став кој вели дека Мухаммед е лажливец, да се сложи со него ќе биде срам, грдост, безобразлук и глупост. Затоа, да го заштитиме од тоа.’

Потоа вели: ’Навистина, верата која со толку полно срце ја пригрлиле Арапите, идолопокониците, достојна е за вистина и верување.

Основите кои ги формирала оваа вера, единствено достојни се човек да верува во неа.

Тоа е дух и суштина на сите вери, дух, завиткан со различни одела, а во суштина е едно.

Со следење на оваа суштина човекот станува лидер во оваа голема сцена на верување и уверување, водејќи во универзумот.

Патува по патеките на Создателот, следејќи ги Неговите закони, не обидувајќи, бесмислено, да ги руши и да им се спротивставува.

Исламот дошол во окружување на лажни вери, испревртени патишта, па ги проголтал и му доликува да ги проголта, затоа што е вистина.

Штом Исламот заблескал го потиснал арапското идолопоклонство, христијанските нагаѓања и претпоставки и сè друго што не почивало врз вистината. Сето тоа станало прав и пепел.“

Понатака, додава: ’Зарем, лажливите незнајковци да тврдат дека тој е маѓионичар и измамник?

Не, не и пак не, никогаш такво срце, блескаво и распламтено, не може да биде во градите на маѓионичар и измамник.

Овој живот за него бил вистина, а овој универзум величествена реалност.“

Потоа вели: ’Таквите негови зборови и дела ни го презентираат Мухаммед како милостив пријател на човештвото, наш заеднички, благ и нежен брат, син на наша прамајка и прататко.

Навистина, јас го сакам Мухаммед заради неговиот чист карактер, чист од секое лицемерие и извештаченост, поникнал во пустиња, бил човек со независно мислење, кое самото по себе суди, не тврди за себе она што не е. Не бил арогантен, но не бил ни понижен, потценет. Слободно и јасно кореспондира со византиските и персиските цареви, упатувајќи ги на обврските на двата света.

Знаел за себе мерка, во тешките војни со арапските племиња не двоумел да употреби сила, но , истотака, во нив не заборавал на милоста, благородноста и простувањето.

Мухаммед не се жалел за животот на овој свет, ниту пак се фалел за другиот.’

Потоа вели: ’Мухаммед, никогаш не бил безделничар, ниту пак бесмислици и празнини говорел.

За него животот бил само прашање на успех и неуспех, минливоста и вечноста и затоа кон тоа се однесувал со искрена посветеност и голема трудолубивост.

А што се однесува на играње со зборови, логички полемики и нарушување на факти, со тоа никогаш не се занимавал, и самиот сметам дека тоа е најлош злочин, бидејќи тоа не е ништо друго освен стагнација на срцето и матење на видот.

Исламот поседува особина која ја сметам најимпресивна, а тоа е еднаквоста меѓу луѓето, што е доказ на најправилен пристап и најправилен поглед, бидејќи верникот со душа е врзан за целата земјина топка и сите луѓе се еднакви во Исламот.“

Потоа вели: ’Неговата светлина го просвети светот, неговата светлина се обсјаело, неговите зраци југ со север и исток со запад ги споиле.

Долго време блескала Исламската држава, на половина од земјината топка, со светлина на благосостојба, напредок, сила и достоинство, инструкции и вистина.’

...Имало и други луѓе кои исповедувале монотеизам, но, никој не бил рамен на неговата јасна и цврста вера во Еден Бог.

(ТОМАС КАРЛАЈЛ-(4 December 1795 – 5 February 1881) )

Thursday, October 21, 2010

Вјачеслав Положин-Руски свештеник станал муслиман

Вјачеслав Положин
Висок поглавар на руската православна црква преминува во Ислам(пренесува Новаја Газета 1999 година)


Еден од високите свештеници по ранг на руската православна црква и свештеник од областа Калуга и воедно е главен представик во одборот за односи со јавност и верски заедници во руската ДУМА има преминато во Ислам.




„Решив да го доведам мојот друштвен статус соодветно со моите убедувања и да јавно изјавам дека се сметам себеси за следбеник на една прастара традиција на монетеизам која датира од времето на Аврам.И заради тоа не се сметам себеси повеќе ниту за свештеник ниту за следбеник на било која црква.“-изјавил Вјачеслав Положин.
За да потоа јавно посведиочи дека„Нема друг Бог освен Аллах и дека Мухамед е негов последен Пратеник.“


Вјачеслав потврдува дека последна Божја објава е к*ранот и дека се многу погрешни наодите дека психологијата и јазикот на к*ранот е непознаница за Рускиот менталитет.
Во својата изјава Вјачеслав оштро ги критизираше христијанските уедувања дека Бог се отелотворил во човек,со што Создателот станал создаденото и што преставува антропоморфизам.
Исто вика дека во христијанството со векови постоеле медиатори,учители и свети отци кои збореле во името Божје , наместо пророците-мислејќи на култот на светците.Таквата пракса станала норма во црквите која е многу тешко да се избегне за лаиците,а за позицијата на свештеник е невозможна.Тој исто така напоменал дека и неговата жена ги дели истите идеи и дека се слага со неговиот избор.

Wednesday, August 4, 2010

РОБЕРТ МУХАММЕД ХЕФТ



























РОБЕРТ МУХАММЕД ХЕФТ


Роден во Канада, Милтон, Онтарио град кој има околу 31 000 жители. Пораснал во христијанско семејство, одел во ноќно школо прилично шест години. Одел во средно и по цело време разговарал со друштвото за девојки, со колку можел да спие, што ќе постане кога ќе стане возрасен, дали ќе биде рок-ѕвезда, по цело време размислувал само за материјализмот, пари и живот. Едноставно безбожно битие! Бил целосно агностик и лаик, па одлучил да стане страствен коцкар, и така изгубил 120 000 $ за отприлика 4 години. Го допрел дното на својот живот. Во таква состојба посакал да изврши самоубиство од очај, па потоа помислил дека можеби има алтернативен начин во животот кој би можел да го пронајде. Па така почнал да се интересира за верата, купил Стар Завет, го изучувал и се распрашувал со пастори од католичката и христијанската црква и така да се пронаоѓа себеси.


Тој вели: „Мојата природа ми кажува дека има само Еден Бог, кој е совршен. Се обидов да ги следам десетте Божји заповеди. Првата божја заповед гласи: „И немој покрај мене друг да обожаваш!“ А втората гласеше: „Немој да правиш за себе идол!“ Видов дека евреите парите ги зеле за свое божество, а христијаните го направиле Исуса (Иса а.с.) за идол. Десетте Божји заповеди му претходиле на Исус, па сфатив дека тој бил само пратеник, а Божји син во метафоричка смисла, а не буквално син, не можејќи да верувам дека Бог може да има гениталии, да има човечки изглед. Престанав да пијам алкохол, да правам блуд со жени.

Еден ден 9. Јули 1998 година влегов во една пекара не знаејќи дека е муслиманска или христијанска, а пред тоа немав никаков контакт со ислам. Кога влегов во пекарата еден брат Пакистанец по име Хусејн Таха погледна во мојот крст на вратот и ми рече: „Тој тип не е твој спасител!“ До тој момент не знаев поинаку, па сум помислил дека можам да ја добијам дискусијата, дека ќе го преобратам во христијанство. И по тридневна дискусија со уште двајца, веднаш сфатив дека тоа е Вистината. И го примив исламот! Целиот живот ја посакував правдата и вистината, а исламот беше вистина и немаше смисла тоа да се негира, туку беше олеснување да се пригрли таква преубава вера.

Кога постанав муслиман почнав да ги барам луѓето кои се подобри од мене, а пред ислам ги барав луѓето кои без полоши од мене, бидејќи бев во друштво кое пиеше алкохол, се дрогираше, чинеше блуд. Исламот ме научи да бидам понизно створение и колку што повеќе учам и го практикувам исламот увидувам дека што повеќе знам, всушност сė помалку знам, бидејќи знаењето кое го стекнав ме научи да го гледам исламот како обемна вера, и колку што повеќе учиш толку повеќе си жеден, за разлика од христијанството кое е ограничено и веднаш штом го прифатиш се сметаш себеси за добро човечко битие. Меѓутоа, најголема работа која се променила кај мене е концептот за Бога, и тоа е главната причина зошто го прифатив исламот. Концептот за Бог кој е дел од Тројството, или дека Бог има син, овие нешта никогаш не ме смирувале. Исламот го прифатив на роденденот на мојот татко, моите родители беа на одмор и беше се вратија. Прво што им кажав беше дека јас го примив исламот. Тие претходно не беше чуле никогаш за исламот, само општо рекоа: „Овој човек пред тоа пиеше, се дрогираше, правеше блуд, се коцкаше и беше едно неучтиво човечко битие, а сега во целост го променил животот, дали можеме да речеме дека ѓавол го натерал тоа да го направи? Како можеме да ги побиеме резултатите од неговата промена?“ Во општа смисла не сум имал проблеми со прифаќањето на исламот, всушност станав верник во Бога и не ми било важно како реагирале другите, туку се грижев за она што Бог мисли за мене!“
Припреми: Ариф еф.Рамадани

Thursday, January 7, 2010

Саудијска Арабија преку 600 Кинези прифатиле Ислам






Преку шестотини кинески државјани кои работат на проектот ’Харамен Железници’ го прифатиле Исламот на церемонија која се одржала во Мека. Тоа се работници на Кинеската железничка компанија која има договорено мултимилјардерска спогодба за изградба на 450 км железничка пруга која ќе ги поврзува светите градови Мека и Медина преку Џеда и Рабига.

Д-р абдул Азиз Ел Худаири, потсекретар на гувернерот на Мека, изјави дека овогодишната прослава на националниот ден на Кралството се совпаѓа со посебни и историски настани.

Овие посебни настани се состојат од отворањето на престижниот меѓународен универзитет ’Крал Абдуллах’ , прославата на Рамазанскиот Бајрам и церемонијата на шехадет на кинеските работници.

Д-р Абдул Азиз, кој лично го посредочи овој настан, го опиша како ’директен одговор на оние кои ја критикувале владата заради потпишувањето на спогодбата со оваа кинеска компанија.’

Во групата конвертити се и 70 работници кои се задолжени за конструкцијата на монораилот, едношинска железница која ќе ги поврзува светиот град со светите места Мина, Музделифа и Арефат.

„Нивното преоѓање во Ислам се случил откако добиле книги во кои Исламот е претставен на кинески јазик, на локацијата на нивната работна зона на Арефат, која се наоѓа под Харемот“ вели тој додавајќи и тоа дека тоа е резултат на работата на Канцеларијата за повикување и мисионерство за странски вработени во Мека.

„Сега се вложува дополнителен труд на повикување во Ислам на преостанатите 5,000 илјади кинески државјани кои работат на проектот ’Хармаин Железница’, но сепак претставува најголем проблем што не постојат доволно штампани книги за Ислам на кинески јазик“, додава на крајот докторот Абдул Азиз.

Вреди да се напомене и тоа дека ова е прва фаза на ’Харамаин Железницата’ која се состои од 70 км, чија изградба е започната пред неколку месеци. Работите предвидуваат демолирање на тлото, ископување на насипи, конструкцијата на мостови и шини. Овој проект се очекува да се заврши кон крајот на 2012 година.

(gulfnews.com)