Wednesday, April 27, 2011

Во Руанда половина милион христијани преминаa во Ислам



Во Руанда половина милион христијани преминаа во Ислам. Меркез џамијата во главниот град на Руанда, Кигали е претесна да ги прими верниците.
Во Руанда 1994 година изби крвава граѓанска војна меѓу племината Тутси и Хуту, во која муслиманите не учествуваа. Една од причините за овој феномен е фактот што муслиманите не учествуваа во убиствата во кои беа масакрирани околу 800 000 луѓе, а во кои убиства учествувале дури и христијански свештеници. Муслиманите за време на геноцидот кој беше извршен врз етничката група “Тутси’’ од страна на племето “Хуту’’, ги криеја и спасуваа Тутсите иако имаше муслимани кои беа Хуту.




Еве еден од многуте примери:



Овој свештеник се вика Athanase Seromba, обвинет е за геноцид и злосторства против човештвото извршени во геноцидот во Руанда. За време на геноцидот, Соромба бил свештеник во католичката парохија во градот Нјанге во провинцијата Кибује во западна Руанда. Обвинет е за смртта на околу 2000 Тутси кои најдоа засолниште во неговата парохиска црква. Според обвинението против него, Соромба наредил неговата црква да биде срушена со булдожер и да се стрелаат преживеаните.

Sunday, April 3, 2011

Како црквеното учење за Исус, ме доведе до Исламот





Како црквеното учење за Исус, ме доведе до Исламот
Во сечиј живот доаѓа момент, барем јас се надевам дека доаѓа, кога човек ќе сфати дека, всушност не само што не мора да верува во она во што верува, што и да било тоа, туку и дека тоа може да го напушти и јавно да го каже.

За среќа, тоа мене ми се случи рано.

Имам 17 години, и исламот ми е вера за која се залагам. Пораснав како католик. Повеќе формално, отколку практично. Ја посетував Католичката неделна школа, која се нарекува ЦЦД, но католичкиот концепт за Бога не играше некоја значајна улога во моето детство. Тоа беше само неделна обврска. Меѓутоа, почнав да одам на маси кога бев седмо одделение и тоа ми се допаѓаше. Ми даваше чувство дека правам вистинска работа.

Отсекогаш бев морална личност, но никогаш добро не ги проучив основите на католицизмот. Само знаев дека се чувствувам добро додека му се молам мојот Создател.


Навистина ми се допаѓаше католизмот, но некако ми се чинеше дека ние (католиците), заедно со Исус би требало да се молиме на Бога, а не и на Бога и на Исус како на еден Создател.

Исус (мир над него) ми беше пример во следењето на Божјата волја и потчинувањето на Бога, но никако и бог.

Пред да тргнам во 8 одделение, есента 1999. научив многу повеќе за католизмот. Kaтоличката црква смета дека Исус е Бог. Тоа беше нешто што не се согласуваше со мојата претстава за "неделивиот Бог на кој му се молев и Исус како пример." Тоа беше нешто нелогично и збунувачки и не можев да го прифатам. Не чувствував дека тоа е правилно.


Сепак, продолжив да одам во црквата, и да се молам.

Разговарав со многу луѓе во црквата за моето чувство, дека Исус не бил Бог туку пратеник, пример. Ми кажаа дека морам да го прифатам фактот дека Исус е Бог, итн. Но, јас тоа не можев да го прифатам. Се трудев да го прифатам, но мислам дека Бог ме сочува од тоа, заради мое добро. Постоело нешто што е многу подобро за мене од тоа. Но, продолжив да одам во црквата.


Некаде во средината на декември 1999 година. без некоја посебна причина којa би можел овде да ја споменам, почнав по енциклопедиите да читам за исламот. Се сеќавам дека правeв листи на клучни зборови за исламот во старата Grolier светска книга од 1964 година, која ја најдов во својот шкаф со книги, што ги учев. Поради некоја причина бев воодушевен со оваа вера, затоа што во неа се зборува за Бога и за она што јас целиот свој живот верував – сето тоа всушност го најдов токму во оваа вера. Пред тоа морав да се помирам со тоа дека не постои вера онаква каква што чувствував во себе, и затоа бев водушевен што ја најдов оваа вера. Научив дека "мојата" вера има Име и милиони други следбеници!

31. декември 1999 година го изговорив келимe-и-шехадетот, но пред тоа никогаш го немав читано Куранот и немав разговарано со ниту еден муслиман. Како поминуваше времето, се повеќе и повеќе учев. Поминав низ многу фази на збунетост, среќа,сомнежи и воодушевеност. Исламот ме поведе по патот на просветувањето. Но, тој пат беше бавен. Пет месеци откако го прифатив исламот, сè уште одев на миса. И секој пат кога ќе присуствував на миса чуствував дека јазот помеѓу мене и црковната заедница сè повеќе се продлабочува и дека бев сè поблиску и поблиску до пратеникот Исус и Бога.


Во текот на Рамазан, 2001-та година, во време на паузата за ручек обично одев во библиотека (тоа беше мој втор Рамазан, кој го постев, првата година од прифаќањето на исламот, не постев за време на Рамазан). Тоа ми беше подобро отколку да седам на маса со пријателите, а имав и работа во библиотеката. А и моите оценки се подобруваа. Тогаш воспоставив комуниција со Џон, кој освен мене беше единствениот муслиман во моето училиште.

Како што поминуваа деновите, се повеќе разговаравме за исламот. Тој е фасцинантна личност и последниот петок за Рамазан ме одведе во џамија. Мојата посета на џамијата беше нешто најубаво во мојот живот. Бог овој пат навистина одговори на моите молитви. Мислев дека ќе бидам нервозен, но воопшто не бев. Тоа беше нешто најприродно што некогаш сум го направил. Се чувствував како да бев дома. И уште нешто сфатив, додека бев во џамија. Додека седев таму на подот и се молев на Бога, сфатив дека просторијата е полна со други луѓе, но тоа беше ok. А дома, кога некој ќе ме праша што правам, јас никогаш не кажувам дека клањам.Тоа никогаш не сум го признал на никого. Тоа е многу тешко. Но таму, во џамијата, се клањав пред група на други муслимани и супер се чуствував. И повеќе од супер! Се чувствував сигурен. Тоа беше едно од најубавите нешта што ми се случија откако во моето срце го прифатив Бога онаа студена ноќ пред Новата година, скоро пред две години.

На родителите никогаш не им ја кажав вистината директно. Всушност и не планирам тоа да го сторам. Главниот сигнал што до нив го упатив беше на 16 декември 2001 година околу 1 часот, кога конечно му кажав на мојот татко, дека наутро одам во џамија со еден пријател, кога ме праша зошто, јас "го вклучив својот аларм."

Ми рече дека едвај чека да се иселам од неговиот дом, и дека се разочарал од мене и дека јас, по неговото мислење, сум направил глупав избор. Јас на моите родители никогаш не сум им рекол ништо директно, затоа што мислам дека тоа најдобро е да го правам постепено, не сакав да предизвикувам проблеми во семејството.

Но, можам да замислам што би можел да стори татко ми, да знае дека сум станал муслиман, кој ја практикува верата. Тој веќе беше гневен поради фактот што ја проучувам верата, и убеден е дека сè остана само на проучувањето. Знам дека мојот татко е несреќен и не сакам тој да страда. Но мислам дека тоа е само негова грешка, што мисли дека е толку паметен и дека нема потреба од Бога. Таа мисла е токму она што го прави несреќен.

Мислам дека тој уште не го сфатил она што се случува со срцата на оние кои ја негираат својата човечка потреба за поврзаноста со Создателот. Тој не знае во што се впушта со донесувањето на таквата одлука. Ниту мојата мајка не знае дека јас сум практичен муслиман, но таа барем не се лути, што одам на џамија. Вознемирена е заради тоа, но барем никогаш не рекла дека е разочарана. Следејќи ја Божјата заповед јас ќе се трудам да бидам добар со моите родители се додека не почнат вистински да ме пречат од исламот. Најдоброто што можам да направам за нив е да бидам добар пример, така што тие, иншАллах еден ден, ќе откријат дека постои подобар начин на живеење од живеењето во мрачниот свет во кој се негира Бог.

Јас никогаш не сум бил на Средниот Исток, но секој ден учам за исламот. Прочитав книги, напишани од сите перспективи. Суфистички, шиитски, сунитски, книги за самиот Куран ... муслиманите сектите ги сметаат за харам,така да не е важно што веруваш, ти си секогаш муслиман и ништо екстра. Можеш да имаш целосно поинаков поглед од некој друг муслиман, но се додека двајцата верувате дека не постои друг бог освен едниот Бога, и двајцата сте муслимани и тоа е тоа.

Читам многу за тоа на интернет и разговорам со другите муслимани преку интернет и телефон. Сретнав некои навистина големи луѓе на интернет од кои научив многу за животот, исламот и Бога.

Сега сум 100% муслиман и тоа никогаш нема да се промени, иншАллах. Му благодарам на Бога што ги поминав сите тие фази на сомнеж. Кога ќе погледнам наназад, сега, знам дека во тие моменти, Бог не напуштил, туку ми говорел дека е време да се преиспитам и да размислам за тоа колку го сакам Бога и низ што се сум подготвен да поминам за да ја разберам својата вера. Плачот со недели, депресии, молитви, читање до исцрпување и напуштањето на сите други животни нешта во втор план може да се чини сурово ... но наградата - сознанието за себе, Бога и човечката поврзаност за исламот - вреди многу повеќе од сето материјално. Преку своите прашања, го добив најмногу ценетиот дар од Бога - исламот ми го даде мирот. Ги слушав христијаните како велат дека христијанството го крева човекот на "лично ниво со Бога." Во исламот односот со Бог е многу подлабок.

Бог е со мене во секое време, ме води, ме подучува, ме сака, ме штити, ме ослободува, ме посоветува, ме теши ... Елхамдулиллахи за Исламот!

Исламот има направено многу за мене. Повеќе отколку што јас можев да замислам. И секој ден е се подобро.

Излегов од еден живот кој беше базиран на обиди и грешки, до прифаќањето на упатсвото и сега знам кој е најдобар избор за мене.

Барајќи го знаењето за себе и поминувајќи го животот во конфузија го најдов упатството.

Не можам да пронајдам вистински зборови да го опишам тоа, но ќе се обидам повторно: Бог ми ја откри вистината за животот. Не мора повеќе да трагам по неа.

„Се колнам во утрото
И во ноќта кога таа се скрие,
Господарот твој не те остави,
Ниту те замрази,
За тебе сигурно, подобар е оној свет,
Од овој,
Господарот твој секако ќе ти даде,
и ќе бидеш задоволен,
Зарем не те затекна како сираче, па ти даде засолниште,
Зарем не те затекна неупатен, па те упати
Зарем не те затекна сиромав, па те збогати,
Затоа не понижувај сираче,
И просјакот кој пита, не одбивај го
И за благодатите на Господарот твој, тогаш, разговарај!“


(Превод на сурата ''Утро'')


Тоа е она, низ кое што јас минав, што направи Бог за мене - тоа што сум. Ова е моето известување за светот. Исламот е многу повеќе отколку што мислите, во реалност е многу полиберален отколку што повеќето мислат. Но, немојте само да слушате. Проучете ги сите перспективи за себе ... и донесете свој заклучок. Бог вели "нема присила во верата", бидејќи верата во Бога, е одлука која ја носи срцето, а срцето не може да се присили на ништо.

www.islamski-centar.org

Бивш фудбалер на „Црвена Ѕвезда“ прими ислам










На традиционалната манифестација “Вечер на Куранот“, која се одржа минатата недела во швајцарскиот град Зофинген, на која се собраа најеминентните хафизи на светот, пред околку 2000 собрани луѓе, во главно Бошњаци, ислам прими бившиот фудбалер на ФК Црвена звезда од Белград Ненад Јевтиќ, кој во рамките на свечената церемонија го прифати името Јусуф.
Оваа вест ја пренесе хафизот Емин еф.Туцовиќ од Мостар, кој заедно со хафизите Харун Ефендиќ, Ќамил Хајдаревиќ и Сабахудин Скејиќ на трационалното учење на Куранот во Зофинген ја застапуваа БИХ.
- Ненад, односно Јусуф, рекол дека мотивацијата за неговото преоѓање во Ислам ја добил од тоа што неколку пати го прочитал Куранот, кој за него делувал инспирирачки. Рекол дека сакал да го каже шехадетот пред голем број на луѓе. Додал дека неговата совет е сосема мирна и среќен е што припаѓа на исламската вера. Инаку Јевтиќ моментално е фудбалски менаџер, а живее и работи во Швајцарија.
Преведено од : www.dnevniavaz.ba

Saturday, April 2, 2011

Рекорден број на жени преминуваат во ислам во Англија

Најмалку 100000 англичани преминале во ислам во изминатата година,тврди германската телевизија.Драстичен пораст во последните години.





"The Times",100 илјада Англичани преминуваат во Ислам

Friday, March 25, 2011

Раперот LOON го прифаќа Исламот

Раперот LOON од BAD BOY RECORD го прифаќа исламот.Во видеото раскажува за начинот како и зошто го прифатил исламот.


НАПОЛЕН го прифаќа исламот

Бибш член на групата Оутловц и познат рапер и член на групата на 2PAC го прифаќа исламот.Во видеото накратко се разработува темата за неговиот живот.



Sunday, December 26, 2010

Македонка го прифаќа Исламот!


„Македонка го прифаќа Исламот“ .












Во Куранот ги најдов сите мои одговори!


„При читање на Библијата не ги најдов моите одговори. Потоа, почнав да го читам Куранот и во себе имав поинакво чувство од тоа кога ја читав Библијата. Колку повеќе читав, толку повеќе наоѓав одговор на моите безбројни прашања. Затоа, по сопствена волја одлучив да го прифатам исламот и се согласувам со сите правила кои ги проповеда исламот“, вели Адријана која пред муфтијата Ибрахим ефенди Шабани го изговори Шехадетот и го прифати исламот.


„Сведочам дека нема друг Бог, освен Аллах, кој заслужува да се обожува и дека Мухаммед а.с е Негов пратеник“, овие зборови ги кажа Адријана Николовска од скопската населба Карпош која по долго барање и истражување во врска со исламската вера во муфтиството на ИВЗ во Скопје јавно го прифати исламот.


Студентка по архитектура на Универзитетот во Скопје, сега направи суштинска промена во својот живот и од христијанка според фамилијарната верска припадност, стана муслиманка.

Покриена со шамија и целосно насмеана, не ја криеше радоста која ја чувствуваше кога го следеше муфтијата Ибрахим Шабани збор по збор изговарајќи го Ш ехадетот кој е еден од петте услови за да се стане муслиман.


„И сега сум муслиманка?“ – праша искрено.


„Шехадетот значи - да веруваш со срце, да изговориш усно и да работиш според она во што веруваш и кажуваш. Штом го изговори шехадетот, ти стана муслиманка, и одговори муфтијата Ибрахим Шабани кој ја благослови за преземениот чекор.


Се разбира, таа почна да ја раскажува својата приказна.


-„Доаѓам од скопската населба Карпош, но како мала мојот контакт со муслиманите беше слаб. Но, тоа се промени со моето запишување во средното училиште „Јахја Кемал“ во Скопје. Таму запознав многу муслимани – Албанци со кои станав многу блиска“, објаснува Адријана.


На почетокот и биле чудни однесувањата на нејзините пријатели полни со добрина, кои го имале исламот како основа.


„Не го сфаќав нивното верување. Моите познавања во врска со исламот беа минимални. Фактички, и тие познавања беа преполни со лоши толкувања и стереотипи. Често дебатиравме и се спротивставувавме меѓу себе. Често им поставував прашања на девојките муслиманки и се чудев како можеа да бидат толку сигурни во она во што веруваа и следеа. Почнав да се поврзувам со оваа вера која до пред извесно време ја чувствував далечна“- вели ново конвертираната муслиманка која полна со волја започнала да чита за сосема непозната област до сега за неа.


„Имав многу погрешни предрасуди и тоа во главно од медиумите. Колку повеќе читав, толку повеќе се убедував во спротивното и моето мислење за исламот почна да се судира со тоа што го гледав во медиумите“- кажува Адријана додавајќи дека во тоа време не го сметаше исламот како нејзина вера бидејќи многу нешта од оваа вера биле под знак прашалник и ја држеа подалеку.


Во четвртата година од средното училиште решава да оди во Америка. Таму одлучува да ја чита Библијата.


„При читањето на Библијата не ги најдов моите одговори. Потоа, почнав да го читам Куранот и во себе имав поинакво чувство од тоа кога ја читав Библијата. Колку повеќе го читав, толку повеќе наоѓав одговор на моите безброј прашања. Затоа, по сопствена волја одлучив да го прифатам исламот и се согласувам со сите правила кои ги проповеда исламот“, вели Адријана.


Истакнува дека причина за нејзиното задоволство е познавањето на исламот и додава:- „Душевниот однос на муслиманите со Бог, искреноста помеѓу нив и животот со јасни цели се факторите кои ме ориентираа кон исламот. Ние во Македонија, иако живееме едни покрај други, сме создале поделени животи и се грижиме само за себе. Меѓу муслиманите забележуваме поискрени односи. Сега имам поубаво чувство меѓу исламскиот уммет (народ) и многу го сакам исламот како најцелосен и најјасен пример за животот“.


Адријана Николовска својата историја ја завршува со зборовите, „Нека не предводи Бог во целиот наш живот, да Му веруваме Нему, затоа што само Тој знае што е добро за нас, да Му се заблагодаруваме постојано, да се обидеме да бидеме богобојазни муслимани, да му се покориме само Нему, да се сеќаваме на Него без прекин а не само тогаш кога се чувствуваме лошо. Да ни даде Бог доволна сила за да опстоимеме на Вистинскиот пат“


Муфтијата Ибрахим ефенди Шабани и го честиташе на Адријана преземениот чекор со што истакна дека во ова време се соочуваме со широка пропаганда против исламот.


„Сепак, и покрај пропагандниот бран, сведоци сме дека чувствата на многу луѓе ширум светот со зближуваат повеќе со мислењата и аспирациите на исламот. По дивиот пропаганден бран кој го обвинува исламот како вера на насилство и поддржувач на тероризмот, многу луѓе станаа љубопитни да ја научат вистината за оваа вера при што се обидоа да создадат вистинска слика за исламот, далеку од шпекулациите на медиумите“, истакна Шабани.


Според него, проширувањето на наклонетоста кон исламот е сведок дека исламот како последна Божја вера има јасни програми кои водат кон среќа на човештвото.


„Како последица, тие кои ги познаваат принципите и програмите на оваа вера, стануваат наклонети кон неа. Исламот со своите реални и урамнотежени програми е вера која се согласува со сите човечки потреби со што ги привлекува луѓето. Фактички, најголемиот фактор за проширување на исламскиот бран се оригиналните начела на исламот. Исламот им посветува посебна важност, почитување на моралните вредности како правдата, мирот, спријателувањето и мирниот соживот помеѓу народите“, истакнува Ибрахим еф. Шабани кој додава дека „Допадливите вредности како верноста, чувањето на аманетот, чување (одржување) на ветувањето, одговорноста кон другите, правдата и спријателувањето се само неколку од начелата на исламот. Во другите вери помалку важност им се посветува на моралните вредности. Исламот има јасни начела во врска со економскиот, политичкиот и социјалниот систем за исполнување на потребите на муслиманите и не– муслиманите објаснувајќи го вистинскиот начин на однос со другите“.


Преведе : Рихан И